ОГРАДЕНА И ПАРТЕРНО УРЕДЕНА ДЕПОНИЈАТА ЗА ГРАДЕЖЕН ШУТ

Завршени се активностите за оградување и партерно уредување на Депонијата за градежен шут, која се наоѓа на локалниот пат „Берово – Абланица – Црвен Брег“.
Со реализацијата на овој проект, се создава соодветно уреден простор за одлагање на градежен шут, со што се придонесува кон подобро управување со градежниот отпад, заштита на животната средина и спречување на неконтролирано одлагање отпад на несоодветни локации.
Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа, во рамки на Повикот за финансирање за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност, за 2026 година.
Вредноста на проектот узнесува 399.684,00 денари.
Со овој проект, продолжуваме со реализација на конкретни активности насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура, уредување на јавните простори и создавање почиста, поуредна и пофункционална средина за граѓаните.
Продолжуваме да работиме за уредно и современо Берово
Горе