📢 ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА БЕРОВО
Почитувани сограѓани,
Општина Берово, во рамки на регионалниот проект „Паметни финансии за одговорно локално управување“ (Smart Finance for Accountable Local Governance), кој се спроведува од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и тинк-тенк организацијата Аналитика Скопје, ве повикува да земете учество во анкета наменета за граѓаните.
Проектот се спроведува во шест земји од регионот и има за цел унапредување на фискалната транспарентност, локалната отчетност и градење поголема доверба меѓу граѓаните и локалната власт, со посебен фокус на процесите на јавните набавки.
Вашето мислење е важно! Со одвојување само неколку минути за пополнување на анкетата, ќе придонесете за прибирање на значајни информации и креирање конкретни препораки за унапредување на работата и транспарентноста на локалната самоуправа.
👉 Ве повикуваме да ја пополните анкетата на следниот линк:
Краен рок за пополнување: 2.9.2026 година
Собраните податоци ќе се обработуваат со строго почитување на принципите на доверливост и анонимност и ќе послужат за подготовка на компаративен регионален извештај. Резултатите и изведените препораки директно ќе им бидат достапни на избраните општини како практична алатка за понатамошно подобрување на локалните политики и соработката со граѓаните.
Однапред Ви благодариме, за издвоеното време !
