АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА ОПШТИНА БЕРОВО: Да ја зголемиме будноста и безбедноста во сообраќајот

Почитувани сограѓани

Поради  зголемена фреквенција на гости, туристи и посетители во нашиот град, Општина Берово  упатува апел за поголема внимателност, трпение и одговорно однесување, до сите учесници во сообраќајот.

Посебен акцент се става на централното градско подрачје, особено во околината на градскиот плоштад, како и долж улиците „Маршал Тито“ и „23-ти Август“. На овие локации,  во овој период е зголемено присуството на пешаци, велосипедисти и корисници на алтернативни превозни средства, поради што е потребна максимална внимателност и внимателно прилагодување на брзината од страна на возачите.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот,  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат внимателни едни кон други и со взаемно почитување да придонесеме за поголема безбедност на сите граѓани и посетители во нашиот град.

Упатуваме апел за доследно почитување на сите учесници во сообраќајот:

  • Внимавајте при паркирање. Користете ги исклучиво означените паркинг места. Не ги блокирајте тротоарите, пешачките зони и пристапите за премин.
  • Прилагодете ја брзината на движење на возилата, особено во централното јадро каде фреквенцијата на луѓе е најголема.
  • Внимавајте и пропуштајте ги пешаците на пешачките премини и држете безбедно растојание со велосипедистите.
  • Апелираме до пешаците да ги користат исклучиво обележаните пешачки премини за безбедно преминување на улиците.

Да покажеме сообраќајна култура, да бидеме добри домаќини и заеднички да придонесеме за безбедни улици за сите нас и за нашите гости.

Горе