ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Општина Берово за 2022 година

О П Ш Т И Н А   Б Е Р О В О

 

Врз основа на член 49 став 1, 2 и 3 од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/2010 и 135/2011), член 36 од Законот за локална самоуправа и член 19 од Статутот на Општина Берово (Сл.гласник на Општина Берово бр.13/02,18/07, 30/08, 20/10 и 20/19), а во согласност со усвоената Програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2021 година со бр.09-4282/1 од 15.12.2021 година и член 21 став 1 од Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2021 година Бр. 09-4536/1 од 31.12.2021 година, Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средстава за финансирање на активности на здруженија на граѓани и фондациии со бр. 09-1363/1 од 30.03.2022 година од Советот на Општина Берово се распишува:

 

ОГЛАС

 за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации од  Буџетот на Општина Берово за 2022 година

 

Распределбата на средствата од Буџетот на Општина Берово за 2022 година наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно добрите практики за финансиска поддршка на здруженија на граѓани и фондации, Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2022 година со бр. 09-4282/1 од 15.12.2021 година, и Г2 Програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Берово  за 2022 година со бр.09-4283/1 од 15.12.2021 година, „Службен гласник на Општина Берово“ бр.4/2021 од 15.12.2021 година, Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Берово за 2022 година Бр. 09-4536/1 од 31.12.2021 година, Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средстава за финансирање на активности на здруженија на граѓани и фондации од Буџетот на Општина Берово за бр. 09-1363/1 од 30.03.2022 година. Распределбата ќе се врши врз основа на Одлука на Советот на Општина Берово, на предлог на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој формирана од Советот.

 

  1. Видови на проекти кои ќе бидат поддржани

 

Средствата од Буџетот на Општина Берово во вкупен износ од 500.000,00 денари од Г1 Програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Берово за 2022 година, и 300.000 денари од Г2 Програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Берово  за 2022 година ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку грантови за програми (проекти) на следниов начин:

 

Мерка 1: Локален економски развој, заштита на животната средина, социјална кохезија, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, образование, култура и спорт:

 

Опис на целите
I Борба против корупцијата, владеење на правото, демократија, човекови права, добро владеење, социјална кохезија и локална самоуправа
II Проекти од областа на здравството и здравиот начин на живот
III Економски развој, одржлив развој, рурален развој,
IV Млади, семејство и семејни вредности
V Евроинтеграции
VI Област на нови технологии, социјални медии, нови медиуми и ИТ технологии

 

Мерка 2: Развој на туризам

 

Опис на целите
I Културни, забавни, спортски, гастрономски и еко манифестации, култура и традиции
II Туристички проекти и форуми со цел развој на нови туристички производи
III Зголемување и поттикнување на активности во насока на соработка и вмрежување со цел креирање на нова туристичка понуда и производ.
IV Активности за поддршка на иновативни идеи за промоција на локални производи и услуги, брендирање и сл.
V Активности за ревитализација на традиционални рурални туристички атракции од заедничко значење за заедницата (ревитализација на стари фурни, чешми, воденици, занаетчиски простори, фото-документациски архиви и сл.

 

Хоризонтален приоритет: јакнење на капацитетите за проектен менаџмент на здруженијата и фондациите

 

  1. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства

        

Средствата ќе се доделуваат согласно договорот на неколку дела за 2022 година. Рокот за реализација на проектот е во тековната 2022 година од денот на потпишувањето на договорот со Општина Берово. Доделените средства да се користат исклучиво за намената за која се доделени и на начин определен во Предлог-проектот.

Во рок од 30 дена по завршувањето на своите програмски активности, а најдоцна 31 јануари наредната година, здруженијата на граѓани и фондации доставуваат финансиски и наративен извештај за користењето на средствата до Општина Берово според дадените формулари за наративен и финансиски извештај.

 

  1. Основни организациски критериуми

 

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на овој оглас се:

  1. Да се регистрирани според Законот за здруженија на граѓани и фондации;
  2. Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес;
  3. Да не добиле средства или поднеле пријава од/до друг орган на државната управа или други извори за иста намена и активности за кои поднесуваат пријава, а што би значело двојно финансирање на истите активности од различни извори.
  4. Корисниците да дејствуваат на територијата на Општина Берово;
  5. Остварување на програмите и дејствувањето да се во рамките на Уставот и Законите;
  6. Предлог проектите да кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Берово.
  7. Предлог проектите да се од суштинско значење за подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните во локалната заедница во соодветните области.
  8. Апликантите да прикажат сопствено учество или кофинансирање од други извори  во износoт од најмалку 10 % од вкупниот износ на буџетот на самиот проект.

 

  1. Проценка на квалитетот на проектите

 

Проценката на квалитетот на проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на следните посебни програмски критериуми:

 

Области Максимум бодови
  1. Организациска структура и ресурси
30
1.1.Дали здружението на граѓани и фондација има потребна организациска структура и човечки ресурси за спроведување на проектот (вработени, активни волонтери, хонорарно ангажирани лица) 10
1.2. Дали имаат сопствено учество или кофинансирање од  други извори и дали здружението на граѓани и фондација располага со канцелариски простор и техничка опрема за спроведување на проектот 10
1.3.Дали Предлог проектите кореспондираат со Стратешките – развојни документи на Општина Берово 10
2.Мрежно работење и соработка 10
2.1.Дали здружението на граѓани и фондација во последните 3 години реализирале  проекти во соработка со други граѓански организации или органи на државната управа 10
3.Квалитет на проектот 60
3.1.Колку општата  цел на проектот ќе придонесе кон реализацијата на дадената приоритетна цел 10
3.2.Дали целта на проектот е јасно определена 10
3.3.Дали целната група е соодветно определена 10
3.4.Дали спроведувањето на активностите доведуваат до остварување на предвидените резултати во проектот 10
3.5.Дали планот за спроведување е јасен и остварлив 10
3.6.Дали предложениот финансиски план е реален (описот на трошоци по категории и позиции соодветствуват на пазарните цени) 10

 

Секоја област од посебните програмски критериуми ќе се вреднува со 1, 5 или 10 бодови, со следното значење: 1-не; 5-делумно и 10-да.

 

  1. Потребна документација која здружението / фондацијата треба да ја достави

 

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава 2022 за финансиска поддршка;
  2. Предлог – проект (апликација 2022 + формулар за буџет );
  3. Копие од тековна состојба во регистарот на други правни лица за регистрација на здружението/фондацијата не постара од шест месеци
  4. Копие од статут
  5. Извештај за добиените средства од Буџетот на Општина Берово во изминатата фискална година и за начинот на нивната реализација (доколку сте користеле грант од претходната година)
  6. Копие од завршна сметка (баланс на состојба и баланс на успех) за претходната година или изјавата  доставена до Централниот регистар дека претходната година имале приход помал од 2.500 евра во денарска проттивредност според курсот на Народна банка на Република Северна Македонија;

 

Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот. Во поднесената пријава, здруженијата и фондациите треба да се определени за една од понудените мерки и цели, во рамки на која ќе го реализираат проектот.

 

Напомена: Пријавите со непотполна документација или по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!

Комисијата по разгледување на доставената документација има право да изврши корекција на буџетските ставки за кои смета дека се неприфатливи, согласно кои ќе се потпиша договор за реализирање на активностите

Доставените прилози не се враќаат.

 

  1. Рокот и начин на доставување на пријавите

 

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 03.05.2022 година.

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, со назнака во горниот лев  агол на ковертот за „Јавен повик Бр.09-1470/2 на адреса:

 

ОПШТИНА БЕРОВО

Одделение за Локален економски развој,

ул. „Димитар Влахов“ бр. 10,

2330 Берово

 

или да се достават лично спакувани во затворен коверт до архива на Општина Берово најкасно до 03.05.2022 година до 15:00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Општина Берово за 2022 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации и листата на прифатени (грантираните) проекти ќе биде објавена на официјалната страна на Општина Берово.

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации, како и Образецот на Предлог-проектот и образецот за буџет се достапни на веб-страната на Општина Берово:  www. berovo.gov.mk .

Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат до Одделението за локален економски развој, на адреса [email protected]. и на инфо денот кој ќе се организира на 15.04.2022 година во просториите на Општина Берово во 15 часот.

Совет на Општина Берово

Комисија за финансирање,

буџет и локален економски развој

Горе