Градоначалникот на Општина Берово,  оствари средба со  потпретседателот на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија

Денеска, во кабинетот, градоначалникот на Општина Берово,  оствари средба со  потпретседателот на Организацијата на резервни офицери на Република Северна Македонија (ОРОРСМ), Љупчо Вуксанов.

На средбата, тој се запозна со информации за Програмските активности на Организацијата,  во текот на 2022 година, која е јубилејна година за  ОРОРСМ, во која навршуваат 70 години од формирањето на истата.

Разговараа за  улогата и значењето на Општинската организациона единица на ОРОРСМ Берово-Пехчево.

ОРОРСМ е непартиска и непрофитна организација, основана во 1952 година.Во неа актуелно членуваат околу 4.700 членови на доброволна и волонтерска основа.

Горе