Во рамките на активностите на Општина Берово, за реализација на проекти од енергетска ефикасност, одобрена е апликација за промена на столаријата во ОСУ ,,Ацо Русковски” во Берово.
Ќе биде извршена замена на надворешни и внатрешни прозорци и врати во објектот, согласно доставена проектна документација.
Овој проект ќе биде реализиран во рамките на Програмата за намалување на аерозагадувањето, на Влада на РСМ, за 2021 година, преку која се обезбедени средства во износ од 1.789.928,00 денари.
Општина Берово, постојано аплицира на јавните повици за реализација на проекти, применувајќи ги современите трендови за заштита на енергија.
Целта, на оваа мерка, на Владата на Република Северна Македонија, е намалување на трошоците за енергенси, преку спроведување на мерките за ублажување на аерозагадувањето во земјата, а целокупната постапка до избор на најповолен понудувач, ќе се спроведува преку Генералниот секретарјат, при Влада на РСМ.