Објавен јавниот повик за доделување договор за реконструкција на ул.,,Илинденска” во с. Ратево

Министерството за транспорт и врски, објави јавен повик за доделување договор за  за јавна набавка за реконструкција на ул.,,Илинденска” во с. Ратево.

Проектот ќе се реализира во рамки на поектите за развој на модерна инфраструктура, во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, кои се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со поддршка од Светска Банка,  со примарен фокус на регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини.

Инвестициите во патната мрежа, се неопходни за создавање подобри услови за живот на граѓаните. Очекуваме дека реконструкцијата на оваа улица, ќе обезбди поголема безбедност и подобра комуникација , полесен пристап на жителите до нивните имоти и во значителни размери ќе го подобри квалитетот на живот на жителите.

Благодарност до Министерството за транспорт и врски, што ни овозможува реализација на вакви проекти, со кои ја обновуваме патната инфаструктура во наслените места .

Горе