Одиграно 5-то, последно коло по групи, од РСИ

Во салата „Македонски Бранители“,  во Берово,  во рамките на Работничките спортски игри во мал фудбал, синоќа, се одигра петтото последно коло по групи.
Највозбудлив беше натпреварот од 18 часот, помеѓу екипите на Фагус и Национални шуми и пилани, каде победата на крајот, во последната минута од натпреварот, им припадна на играчите на Фагус, кои се пласираа во полуфиналето.
После одиграните натпревари, беше извршена ждрепка, за полуфиналните натпревари, каде се среќаваат екипите на (АРМ – Фагус) и ( Труд и социјала и Суд – Образование), кои започнуваат во четврток од 18 часот.
Резултатите од петтото коло :
18:00ч. Фагус – Национални шуми и пилани 2:1
18:30 ч. Здравен Дом Берово – Образование службено 0:3
19:00 ч. Труд и социјала и Суд – Роми 4:5
19:30 ч. АРМ – Приватни фирми 2:4
20:00 ч. Општина Берово- Угостители 1:2
Слободна во ова коло беше екипата на МВР-Полиција.

Листа на стрелци по одиграно петто  коло на РСИ 2023

1.Илија Шонтевски  (АРСМ)  1+1+5=9

2.Ахмет Халитов (ФАГУС)   2+1+4=8

3.Славчо Пандурски (ТРУД СОЦИЈАЛА И СУД) 1+1+2=6

4.Александар Мишовски (ОБРАЗОВАНИЕ) 2

Горе