Конституиран Општински Совет за превенција на детско престапништво во Берово

Во рамките на активностите на општина Берово, за детска заштита, вчера, е одржана конституитивна седница на Советот за превенција од детско престапништво.

На состанокот присуствуваа сите членови на Советот и дадоа свои конструктивни предлози за активности, кои  би можеле да се спроведат, во делот на превенција од детско престапништво.

За претседател на Советот, едногласно, од страна на сите присутни, е изберана Грозданка Миловска, Социјален работник во Меѓуопштински центар за социјални работи Берово.

Договорени се неколку активности, кои ќе се спроведат во периодот што следи, разговарано е за одредени состојби со кои се среќаваат стручните служби и се дефинирани приоритети и активности, преку кои, во иднина Советот за превенција на детско престапништво, ќе ја извршува задачата, за која што е формиран.

Горе