🇲🇰 Jавен повик за учество во програмата Поддршка за самовработување (Претприемништво)

🇲🇰 Jавен повик за учество во програмата Поддршка за самовработување (Претприемништво)
📣Се повикуваат сите невработени лица кои имаат завршено најмалку средно образование и кои се:
•млади лица до 29 години
•лица со попреченост
•мажи до 60 години и жени до 58 години
•жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
•лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис
•Роми
•повратници од странство – припадници од Ромската заедница и други лица во ризик од социјално и економско исклучување,
да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата Поддршка за самовработување (Претприемништво).
💶Неповратната финансиска помош за основање сопствен бизнис изнесува 369.000,00 денари.
👉Целиот оглас можете да го прочитате на https://av.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx
ℹ️ За сите дополнителни прашања ве очекуваме во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот.
Горе