Општина Берово е победник на конкурсот за најеко општина 2023

Општина Берово,  е победник на конкурсот за најеко општина, кој го објавува компанијата Пакомак, во соработка со невладината организација Балкан ЕКО институт.

Како победничка општина, Берово бележи значителни резултати кон еколошки придонеси,  како во однос на  еко проектите во текот на изминатата година, така и во однос на  соодветно менаџирање на вкупниот генериран отпад, на ниво на општина и унапредување на системот за селектирање на отпад.

За таа цел, од страна на  Пакомак и Балкан ЕКО институт, општината ќе добие детски реквизити, како награда и поддршка за сопствените вложувања во екологијата и заштитата на животната средина.

Пригодните  награди, кои се обезбедени,  треба да бидат од корист на сите луѓе од заедницата  и да не поттикнуваат кон активното учество во борбата за почиста околина, секојдневна грижа и заштита на животната средина и негување на еколошките вредности.

Благодарност до Пакомак и Балкан ЕКО институт, кои ги препознаваат еколошките вредности на Берово, како примат на еколошка општина и што по вторпат ја доделуваат титулата нај еко општина.

Горе