КОНКУРС за доделување стипендии на студенти кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа (Службен Весник на Република Македонија бр. 05/2002), согласно Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 258/20), Согласно потпишаниот Меморандум за соработка во интерес на развој на туризам, образование и наука помеѓу Општина Берово и Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје со бр. 03 – 1775/1 од 04.05.2022 година и ПРАВИЛНИК за доделување стипендии на студенти кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје со бр. 09-2411/1 од 27.06.2022  година, Општина Берово објавува:

 

 

КОНКУРС
за доделување стипендии на студенти кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје

 

 

Со цел развој и унапредување на образовните процеси, мотивирање на студенти за учење и развој, Општина Берово  објавува Конкурс за доделување на 15 стипендии за додипломски студии на студенти во академската 2022/2023 година за четиригодишни студии со целосно покриени трошоци за студирање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, во областите:

 

– Економски Факултет;

– Факултет за туризам;

– Меѓународен маркетинг;

– Човечки ресурси;

– Информатика.

 

Општина Берово за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на ученици кои ќе се запишаат на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и тоа по следните групи:

 

а) Прва група – 9 стипендии за ученици од социјални категории кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје;

 

б) Втора група – 6 стипендии за ученици кои постигнале особено висок успех во учењето, кои ќе бидат запишани на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје;

 

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

 

Право на стипендија имаат учениците кои ќе бидат запишани на додипломски студии од прв циклус на студии во учебната 2022/2023 година на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје и кои ги исполнуваат следните услови:

  1. да не повторувале година во текот на средното образование;
  2. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
  3. да се државјани на Република Северна Македонија со живеалиште на територија на Општина Берово.

 

Критериуми за доделување на стипендиите се:

 

а) Прва група – стипендии за студенти од социјални категории

  1. Постигнат успех од претходните години до тековната 2022/2023 година за сите учебни години од средно образование.
  2. За критериумот материјални можности на студентите и нивните семејства, се земаат вкупните месечни примања по член на семејство на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управата за јавни приходи како земјоделска дејност, стопанска дејност, авторски права, издавање на простор и други приходи) во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Северна Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика.
  3. Студентите кои до 18 години биле без родители и родителска грижа, студентите кои се категоризирани како лица со посебни потреби, студенти – деца на самохран родител, студенти-деца на корисници на социјална помош и студенти – деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Северна Македонија добиваат дополнителни 10 бодови.
  4. Доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови, предност имаат кандидатите со поголем просек од образование.
  5. Доколку има повеќе кандидати со ист број на освоени бодови од просек од образование, предност ќе имаат кандидатите кои имаат доставено документација сертификати од други области, како и дипломи, награди или признанија за освоени места на општински, регионален, државен или меѓународен натпревар, сертификати за познавање на странски јазици, сертификати за познавање на компјутерски вештини и сл.

 

б) Втора група – стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето

  1. Постигнат успех од претходните учебни години до тековната 2022/2023 година за сите учебни години од средно образование и/или завршено високо образование.
  2. Студентите кои учествуваат во Програмата за обезбедување туторство на ученици од основното образование добиваат дополнителни 10 бодови.
  3. Доколку има повеќе пријавени кандидати со ист број бодови, предност имаат кандидатите со поголем просек од образование.
  4. Доколку има повеќе кандидати со ист број на освоени бодови од просек од образование, предност ќе имаат кандидатите кои имаат доставено документација сертификати од други области, како и дипломи, награди или признанија за освоени места на општински, регионален, државен или меѓународен натпревар, сертификати за познавање на странски јазици, сертификати за познавање на компјутерски вештини и сл.

 

 

  1. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ И РАНГИРАЊЕ НА КАНДИДАТИ

 

1) Начин и рок на пријавување

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Општина Берово, (ул. „Димитар Влахов“ бр. 10, Берово), од 15.07.2022 до 25.07.2022 година, од 07:30 до 15:30 часот. Потребните документи за доставување се следните:

  1. Пријава, која е потребно да се подигне од просториите на Општина Берово или да се симне од веб страната на Општината;
  2. Оригинал или Фотокопија од свидетелства заверени на нотар од сите години од средно образование и/или оригинал или фотокопија од уверение за завршени додипломски студии заверено на нотар;
  3. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
    – За вработените членови на семејството – потврди за остварена плата за месец мај 2022 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели  брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата)

– За пензионираните членови на семејството – документ за висина на пензија – чек;

– За разведени родители – доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;

–  За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;

– За инвалидитет – наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;

–  За браќа/сестри на кандидатот кои се ученици/студенти се доставува потврда од училиштето – односно факултетот или друга институција.

  1. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, која е потребно да се подигне од просториите на Општина Берово или да се симне од веб страната на Општината;
  2. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци во доставената документација, која е потребно да се подигне од просториите на Општина Берово или да се симне од веб страната на Општината;
  3. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство;
  4. Уверение за државјанство за ученикот во оригинал или копија заверена на нотар, или копија од личен документи за идентификација (лична карта или пасош) за ученикот/чката;
  5. Кандидатите кои имаат завршено повисоко образование од она што се бара, имаат познавање од странски јазици, познавање од компјутерски вештини, или имаат други сертификати од други области, како и дипломи/награди/признанија за освоени места на општински/регионален/државен/меѓународен натпревар, потребно е за сите нив да достават соодветен доказ – документ во оригинал или заверена фотокопија на нотар.

Кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од прва група ги доставуваат сите документи кои се однесуваат на нивната категорија на аплицирање, додека кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од втората група ги доставуваат документите кои се потребни за соодветната категорија за аплицирање.

 

Ненавремената, нецелосната и некомплетната пријава и документација нема да биде предмет на разгледување.

Прилог 11. Прилог ПРИЈАВA за стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/23 година на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје

Прилог 2Изјава дека ученикот не е корисник на стипендија

Прилог 3 Изјава за точност и идентичност на податоци вистинитост податоци

Прилог 4.Изјава за обработка и користење  на лични податоци

Општина Берово

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Горе