Во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е нацрт Регионален План за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион и нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина за Регионален план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион.
Согласно закон, потребно е да се одржат Јавни расправи по горенаведените документи.
За таа цел е подготвено Јавно известување за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување јавни расправи по нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за Регионалниот план за управување со отпад во Источниот и Североисточниот плански регион (РПУ за ИПР и СИПР)
Јавното Известување е објавено на web страната на Центарот за развој на Источен плански регион и можете да го преземете од следниот ЛИНК
