Локалниот младински совет на Општина Берово денеска, 6 октомври 2026 година, објавува јавен повик за изработка на лого кое ќе го претставува неговиот визуелен идентитет.
На повикот можат да учествуваат млади лица до 29 години со сопствено авторско, оригинално и уникатно решение. Секој учесник може да достави и повеќе предлог-дизајни. Дизајни креирани со вештачка интелигенција нема да бидат разгледувани.
При изборот ќе се земат предвид следните критериуми:
– оригиналност и уникатност на дизајнот;
– креативност и визуелна препознатливост;
– поврзаност со младите и работата на Локалниот младински совет;
– едноставност и јасност;
можност за практична примена на различни материјали и во различни формати.
Предлог-дизајните треба да се испратат на [email protected], најдоцна до 25 октомври 2026 година, до 23:59 часот. Во електронската порака задолжително треба да се наведат име и презиме, возраст и телефонски број за контакт.
По завршувањето на повикот, пристигнатите предлози ќе бидат разгледани на седница на Локалниот младински совет, а победничкиот дизајн ќе биде избран со гласање на неговите членови. Доколку ниту еден од доставените предлози не биде оценет како соодветен, повикот ќе биде повторен со нов рок и услови.
Ги повикуваме младите креативци да ги споделат своите идеи и да придонесат во создавањето на новиот визуелен идентитет на Локалниот младински совет на Општина Берово.
