Врз основа на член 3 од ОДЛУКА за утврдување на висината на надоместокот за закуп на тезги и штандови за саемот Малешевијата на дланка и ЕТНО Плоштад фесивал 2026 година , која Советот на Општина Берово ја донесе на 13-тата седница, одржана на ден 18.06.2026 година, Општина Берово распишува:
ЈАВЕН ПОВИК
За пријавување за користење на слободна јавна површина за поставување на штандови за време на „ЕТНО Плоштад Фестивал 2026“ и Саемот „Малешевијата на дланка“
Општина Берово ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица да се пријават за користење на слободна јавна површина за поставување на штандови за време на одржувањето на „ЕТНО Плоштад Фестивал 2026“ и Саемот „Малешевијата на дланка“, во периодот од 27 до 29 август 2026 година.
Висината на надоместокот за закуп на слободна јавна површина за штандови и други содржини е утврдена на следниот начин:
- Тезги за изложување на домашни производи и ракотворби, како и штандови за хуманитарни цели – без надомест (0 денари);
- Локација бр. 4 – почетна цена 30.000 денари;
- Локација бр. 5 (воз, трамболина и други забавни содржини), со максимална површина до 6 м² – 15.000 денари;
- Останати локации согласно Графичкиот приказ, за други правни лица – изложувачи, со површина до 6 м² – 2.000 денари по м²;
- Локација бр. 8 – штанд на Државна лотарија на Македонија, со површина до 8 м² – 8.000 денари;
- Локации бр. 11, 13 и 14 – тезги за подготовка и продажба на скара, со површина до 70 м² – 30.000 денари.
СКИЦА НА ОДБЕЛЕЖАМО ЛОКАЦИИ
За закуп на штандови на Локација бр. 4 може да конкурираат правни лица кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност, што се докажува со доставување на тековна состојба не постара од шест месеци.
За наведените локации, еден ист понудувач не може да земе под закуп повеќе од една (1) локација.
Локацијата ќе му биде доделена на понудувачот кој ќе понуди највисока цена, не пониска од првично определената почетна цена.
Доколку за иста локација двајца или повеќе понудувачи понудат иста цена, ќе се применува принципот „Прв дојден, прв услужен“.
За останатите локации ќе се применува исклучиво принципот „Прв дојден, прв услужен“, по однапред определената цена согласно Одлуката.
Износот на надоместокот се однесува исклучиво за периодот од 27 до 29 август 2026 година, а просторот за користење ќе биде означен за секој штанд посебно.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Сите заинтересирани правни и физички лица потребно е да достават пријава до Архивата на Општина Берово, со назнака:
„Пријава за користење на јавна површина за време на ЕТНО Плоштад Фестивал 2026“
Пристигнатите пријави ќе бидат разгледани од страна на Комисија, по што локациите ќе бидат одобрени со Решение.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето трае до 27.08.2026 година, односно до денот на започнување на „ЕТНО Плоштад Фестивал 2026“ и Саемот „Малешевијата на дланка“.
Општина Берово
Градоначалник
