ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026  за ангажирање на 2 (двајца) сезонски пожарникари во 2026 година за период од 3 (три) месеци

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоупправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), а во врска со член 7 од Законот за пожарникарство (Службен Весник на РМ бр. 67/2004, 81/2007, 55/2013, 158/2014, 193/2015, 39/2016, 68/2017 и Службен Весник на РСМ бр.152/2019),член 9 од Закон за заштита и спасување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/04, 49/04, 86/08, 124/10, 18/11, 41/14, 129/15, 71/16, 106/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 215/21, 124/25 и 148/26) и Одлуката за распишување на јавен повик за ангажирање на 2 (двајца) сезонски пожарникари во 2026 година за период од 3 (три) месеци со дел.бр.08-3280/1 од 22.07.2026 година,  Општина Берово објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026

 за ангажирање на 2 (двајца) сезонски пожарникари во 2026 година за период од 3 (три) месеци

I.Предмет на јавниот повик

 

Општина  Берово има потреба од ангажирање на 2 (двајца) сезонски пожарникари за сезоната 2026 година за потребите на Територијално противпожарната единица во Општина Берово.

 

Ангажирањето на сезонските пожарникари ќе биде во времетраење од 3 (три) месеци почнувајќи од месец август 2026 година заради гаснење на пожари во шуми и други отворени простори, во услови на зголемена опасност од настанување на вакви пожари, а со цел зголемување на подготвеноста и справување со зголемениот ризик од пожари на отворен простор во летниот период.

 

Сезонски пожарникари ќе бидат ангажирани 40(четириесет) часа неделно и за својата работа ќе добиваат месечен паричен надоместок од 26.100,оо денари.

Со ангажираните сезонски пожарникари ќе се склучи посебен договор.

II. Услови што треба да ги исполнуваат кандидатите

 

Кандидатите кои ќе се пријават на Јавниот повик треба да ги исполнуваат следниве општи и посебни услови:

  • да се државјани на Република Северна Македонија
  • активно да го користат македонскиот јазик
  • да се полнолетни
  • да имаат завршено најмалку средно образование (четиригодишно или тригодишно)
  • да се психофизички способни за извршување на работите (се докажува со лекарско уверение)
  • да не им е изречена забрана за вршење професија, дејност или должност
  • да поседуваат возачка дозвола Ц категорија

 

Забелешка: Предност при ангажирањето на сезонските пожарникари  имаат пожарникарите на доброволните противпожарни единици и друштва во кои членувале најмалку две години.

 

Ангажираните сезонски пожарникари треба да бидат подготвени за работа во смени и работа на терен а ќе извршуваат работи и задачи поврзани со:

  • гаснење пожари;
  • превентивни активности за заштита од пожари;
  • патролирање и набљудување на ризични подрачја;
  • учество во интервенции при природни непогоди и други вонредни настани;
  • други задачи согласно наредбите на Командирот на Територијалната противпожарна единица.

III. Потребни документи

 

Со пријавата заинтересираните  кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

  • своерачно потпишана пријава за учество во јавниот повик (може да се подигне од Архивата на Општина Берово или да се превземе од веб страната на општина Берово);
  • кратка биографија CV не поголема од 5 страни, со задолжително наведен контакт телефон и адреса и мотивационо писмо со не повеќе од 500 зборови;
  • уверение за државјанство оригинал или фотокопија заверена на нотар;
  • диплома или копија заверена на нотар од диплома за завршен степен на образование кое се бара;
  • Лекарско уверение за здравствена и психофизичка способност, потпишано од доктор на медицина специјалист по медицина на труд, издадено од здравствена организација од примарната здравствена заштита која врши дејност медицина на труд;
  • потврда/уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност од Основен Суд или Централен Регистар на Република Северна Македонија;
  • копија од возачка дозвола – Ц категорија заверена на нотар;

IV.Начин на пријавување

Пријавите со потребната документација во оригинал или копија заверена на нотар да се достави непосредно до Архива на Општина Берово или по пошта на следнава адреса: Општина Берово, ул. „Димитар Влахов” бр. 10, 2330 Берово, (со назнака „Јавен повик за сезонски пожарникари 01/2026 “)

Превземи Образец Пријава по Јавен повик за сезонски пожарникари

Пријавата задолжително содржи и изјава за користење на лични податоци

Превземи Изјава за користење на лични податоци (3)

 

V.Начин на објава и рок за пријавување

 

Јавниот повик ќе биде објавен на огласната табла на Општина Берово, на официјалната веб-страница на Општината и во еден дневен весник.

Рокот за пријавување на кандидатите изнесува 5(пет) дена од денот на објавувањето на Јавниот повик сметајќи  го и денот на објавување на јавниот повик.

Некомплетните и ненавремено доставени пријави нема да бидат разгледувани.

VI.Постапка за избор

По истекот на рокот, Комисија формирана од Градоначалникот ќе изврши административна проверка на пријавите, а кандидатите кои ги исполнуваат условите може да бидат повикани на интервју, проверка на психофизичката подготвеност и други проверки согласно прописите.

Избраните кандидати ќе бидат ангажирани со договор согласно важечките законски прописи во кој ќе бидат уредени условите за ангажирањето на сезонските пожарникари.

            Број 08-3282/1                                                             Општина Берово

            22.07.2026 година                                                         Градоначалник

            Берово                                                                           Петар Ружински

Горе