ИНФОРМИРАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРЕТСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести – (Сл. Весник на Република Македонија бр.66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15 и 37/16 и Сл.Весник на РСМ бр. 257/20), како и препораките на Министерството за здравство на Република Македонија, и согласно Програмата за спроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести донесена од Советот на Општина Берово бр. 09-4368/1 од 5.12.2025 год., и Договор за јавна набавка бр. 11-4512/1 од 17.12.2025 год.   Општина Берово го издава следното соопштение:

Ве известуваме дека на ден 15.6.2026 година (Понеделник наспроти вторник) со почеток  од 22.00 до 05:00 часот – екипи од  ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово, ќе ја спроведат ПРВАТА  ФАЗА од ТЕРИСТИЧКАТА ДЕЗИНСЕКЦИЈА со цел уништување на возрасни комарци. Третирањето ќе се врши со соодветна апаратура потставена на специјално возило, а ќе се применува препарат AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во ноќните часови, се известува населението да не излегува и да ги затвори своите прозори.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Берово, локалитети со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Со Информации за активностите од страна на од  ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово, Општина Берово ги извести  медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, полициската станица МВР – Берово, РЦУК,  Дирекција за заштита и спасување.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Берово 12.06.2026 година

ОПШТИНА БЕРОВО

ГРАДОНАЧАЛНИК

ПЕТАР РУЖИНСКИ

Горе