Делегација од Општина Берово, е во официјална посета на Општина Бар

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, заедно со раководителот на Одделението за локален економски развој, Ѓорѓи Пеовски, вчера, остварија средба со потпретседателот на Општина Бар, Дамир Рашкетиќ, на која беа разгледани можностите за воспоставување и продлабочување на меѓуопштинската соработка во повеќе области од заеднички интерес.

На средбата тие разговараа за потенцијалите за соработка, во областа на економскиот развој, културата, туризмот, како и за можностите што ги нудат програмите за прекугранична соработка и заедничка реализација на проекти, значајни за локалниот развој и граѓаните на двете општини.

Потпретседателот Рашкетиќ ги претстави развојните потенцијали на Бар, активностите на локалната самоуправа за унапредување на бизнис и туристичката клима, како и досегашната соработка, што Општина Бар ја има воспоставено со општини од регионот.

Градоначалникот Ружински, изрази благодарност за срдечниот прием и истакна дека ваквите средби, се значајни за размена на искуства, добри практики и создавање основа, за идна соработка меѓу локалните самоуправи. Во рамки на посетата, градоначалникот Ружински и раководителот на ЛЕР, Ѓорѓи Пеовски, имаа можност да се запознаат и со културно-историското наследство на Бар, со посебен акцент на Стариот град, како едно од најзначајните културни добра во Црна Гора.

Горе