Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, денеска, оствари работна средба со истакнати економски и финансиски експерти, со цел размена на идеи и креирање насоки за поттикнување на локалниот економски развој, подобрување на деловната клима и привлекување нови инвестиции во општината.

На средбата беа разгледани можностите за унапредување на економските политики на локално ниво, поддршка на претприемништвото, поефикасно користење на развојните фондови и создавање услови за одржлив економски развој.
Посебна чест и задоволство за Општина Берово, претставува фактот што меѓу најреномираните финансиски експерти кои активно придонесуваат со своето знаење и искуство, е и професорот на Економски Факултет во Скопје, Борче Треновски, кој потекнува од Берово. Неговата подготвеност да го стави своето знаење и експертиза во функција на развојот на родниот крај, е значаен поттик за креирање квалитетни развојни политики и иницијативи.
Градоначалникот Ружински, истакна дека Општина Берово останува посветена на соработката со академската заедница, стручната јавност и економските експерти, со цел создавање нови можности за инвестиции, отворање нови работни места и обезбедување подобар квалитет на живот за сите граѓани.
Општина Берово ќе продолжи активно да гради партнерства со домашни и меѓународни експерти, уверена дека знаењето, стручноста и заедничката визија, се клучни двигатели на локалниот економски развој.
