ИНФОРМИРАЊЕ ВО ВРСКА СО ПРЕСТОЈНАТА ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ТЕРИСТИЧКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БЕРОВО

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/2020), Програмата за спроведување на мерки за заштита на населението од заразни болести, донесена од Советот на Општина Берово бр. 09-4516/1 од 24.11.2023 година, како и Договорот за јавна набавка бр. 11-3340/1 од 31.08.2023 година, Општина Берово го издава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните дека на 16.07.2026 година (четврток), во периодот од 21:00 часот до 05:00 часот на 17.07.2026 година (петок), екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово и Скопје ќе ја спроведат втората фаза од теристичката дезинсекција, со цел уништување на возрасните форми на комарци.

Третирањето ќе се врши со специјализирана апаратура монтирана на наменско моторно возило, при што ќе се употребува инсектицидниот препарат AQUA K-OTHRINE, со активна супстанција DELTAMETHRIN, одобрен за ваков вид третман.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени:

  • зелените јавни површини;
  • подрачјата долж реките и водотеците;
  • околината на каналската мрежа;
  • локалитетите со застојни водени површини;
  • урбаните населби;
  • како и сите останати локалитети предвидени во Планот и Програмата за дезинсекција на територијата на Општина Берово.

Заради непречено и безбедно спроведување на активностите, се препорачува граѓаните за време на третирањето да не се задржуваат на отворен простор, да ги затворат прозорците и, доколку е можно, да ги отстранат или заштитат храната и предметите изложени на отворено.

Дополнително, се известуваат сопствениците на пчелни семејства (пчеларите) навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, согласно важечките препораки за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Во случај на неповолни временски услови (силен ветер, дожд или други временски неприлики), третирањето ќе се одложи и ќе се реализира во првиот нареден ден кога ќе се создадат соодветни услови за негово безбедно и ефикасно спроведување.

Општина Берово ги замолува граѓаните за разбирање и соработка, бидејќи спроведувањето на оваа мерка е од особено значење за заштита на јавното здравје и намалување на ризикот од појава и ширење на заразни болести пренесени од комарци.

Горе