ЕТНО ФЕСТИВАЛ БЕРОВО 2026 И САЕМ НА ТРАДИЦИОНАЛНИ МАЛЕШЕВСКИ ПРОИЗВОДИ „МАЛЕШЕВИЈАТА НА ДЛАНКА“ – 27, 28 И 29 АВГУСТ

Од 27 до 29 август 2026 година, Берово ќе биде центар на традицијата, културата и добрата забава преку манифестацијата „Етно Фестивал Берово 2026“ и Саемот на традиционални малешевски производи „Малешевијата на дланка“.

Во текот на трите фестивалски денови, посетителите ќе имаат можност да проследат  фолклорна и музичка програма, настапи на познати музички изведувачи, како и презентација и дегустација на традиционални малешевски производи, домашни специјалитети, ракотворби и други автентични локални производи.

Фестивалот има за цел да ги промовира богатото културно наследство, традицијата, обичаите и туристичките потенцијали на Малешевијата, истовремено создавајќи можност за дружење, размена на искуства и уживање во единствената атмосфера што ја нуди Берово.

Општина Берово ги поканува сите граѓани, гости и посетители да бидат дел од оваа тридневна манифестација и заедно да уживаме во музика, фолклор, традиција, локални вкусови и незаборавни фестивалски доживувања.

📅 27 – 29 август 2026 година
📍 Берово

Добредојдени сте сите  во Берово – градот каде традицијата живее, а гостопримството се памети!

Горе