Градоначалникот Пекевски присуствуаше на состанок за застапување на младинските приоритети во Општина Берово

Младински центар во Берово, еко акција за подигнување на еколошката свест и училишни библиотеки за размена на книги, беа истакнати како приоритети на младите во Општина Берово, на средбата, која што се реализира  во рамките на активностите на Општина Берово, по Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од Македонскиот центар за граѓанско образование и Младински образовен форум.

На средбата учествуваше Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кои истакна дека стои на располагање за поддршка во сите активности и особено  радува фактот што младите од Берово  учествуваат во креирањето на локалните политики, бидејќи тие се  иднината и клуч за напредокот на општината и државата.

Во рамките на средбата договорени се следни чекори, преку организација на средба, на која ќе се утврдат барањата и можностите и ќе се пристапи кон реализација на конкретни активности.

Горе