Честитка од Градоначалникот Пекевски до сите матуранти

Почитувани матуранти,

Низ посебни околности, за жал без традиционалната прослава и матурско дефиле, поминувате уште едно скалило од вашиот живот, кое ве прави позрели, поискусни и ве носи исправени пред нови предизвици.

Со особена чест и задоволство,  од името на Општина Берово и од мое лично име, упатувам срдечни честитки, по повод вашето матурирање и влегување во светот на возрасните.

Посакувам вашиот потенцијал да го насочите кон позитивните човечки вредности, да бидете пред се здрави и живи, успешно да се справите со сите препреки кои ќе ви се појават на патот, носејќи се со предизвиците на новото време.

Не заборавајте да го следите патот на знаењето, кој  ќе ви обезбеди подобар и полесен живот и ќе ви обезбеди успешно справување со сите предизвици.

Секој нека го следи патот кој што го одбрал, а на тој пат, јас на сите Ви посакувам, многу среќа, успех на личен и професионален план, просперитет и напредок.

Драги матуранти,

Ви ја честитам матурата и Ви посакувам многу успех!

Градоначалник на Општина Берово

Звонко Пекевски

Горе