Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, упати честитка по повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите

Почитувани пожарникари,
Со искрени честитки, по повод Денот на пожарникарите, 20-ти мај, од името на Општина Берово и од мое лично име, упатувам голема благодарност за вашата пожртвуваност и храброст, за секојдневното залагање во заштитата од пожари, со желби за усовршување на процесот на вашата работа и спречување на големи катастрофи.
Територијалната противпожарна единица од Берово брои вкупно 14 пожарникари и според Законот за пожарникарство, дејствува на територииите на соседните општини Берово и Пехчево. Располага со вкупно 4 противпожарни возила и секојдневно се стреми кон усовршување на својата работа. Во моментот општината е во постапка да набави уште две повеќенаменски возила, со што во значителни размери ќе се унапреди работата на ТППЕ во Берово. Исто така во тек е и формирање на испостава во Пехчево.
Работата на пожарникарите е од непроценливо значење за општеството, па граѓаните секогаш со восхит и почит гледаат кон оваа професија.
Пожарникарите често пати се на предизвикот на ризик на сопствениот живот, во борбата да се спаси друг човечки живот, или имот и за тоа, бескрајно сме им благодарни.
На сите пожарникари, Ви посакувам многу успех во извршувањето на вашата благородна работа и се надевам дека соработката, секогаш ќе резултира со големи работни успеси, кои се во полза на граѓаните.
Градоначалник на Општина Берово
Звонко Пекевски
Горе