Category: Вести

Градоначалникот Пекевски оствари средба со Дамјан Карпузовски чија донација помогна во полесно справување со предизвиците на КОВИД 19

Денеска, во својот кабинет, Градоначалникот Пекевски, оствари средба со Дамјан Карпузовски, кој на Општина Берово донираше, 56 половни преносни компјутери (лаптопи) Fujitsu LIFEBOOK S Series, за унапредување на општинските услуги. Како што истакна Пекевски, компјутерите беа добредојдени за непречено одвивање на наставниот процес од далечина  и се од голема важност за општината, во справувањето со [...]

ОСУ ,,Ацо Русковски”, садеа дрвја како завршна активност по Проект ,,Патека на мирот”

Ученици од ОСУ ,,Ацо Русковски”, садеа дрвја, со кои симболично ја градеа ,,Патеката на мирот”,  во рамките на завршните активности по истоимениот проект,  финансиран од RYCO (Регионална канцеларија за младинска соработка). Носители на проектот се: средно училиште од Корча, Албанија и фондација Ivanaj Foundations of New York and Tirana. Учениците засадија дрвја во Берово, Кавадарци [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со Советникот за решавање на правни прашања и постапки Аксел Ахмедовски

Приоритетите на Ромската заедница, како и подобрувањето на животот на ранливите категории граѓани, беа темите на разговор,  на средбата која што ја остварија  Советникот на Премиерот, за решавање на правни прашања и постапки, Аксел Ахмедовски и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во неговиот кабиниет. На средбата, беше разговарано  за проектите кои се реализирани изминатиот [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска, во својот кабинет, оствари работна средба, со заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, на која што го запозна со функционирањето на општината, со реализираните проекти, проектите во тек и проектите кои во иднина се планира да бидат реализирани. Градоначалникот истакна дека општината е фокусирана кон искористување на [...]

Маѓијата на блескавата снежна идила на Берово

Во споредба со останатите сезони, зимата е блескаво поразлична и помагична. Оваа година, снегот касно ни пристигна, но сепак ни дозволи за миг да уживаме во  неговата рефлексија. Погледнете ја нашата селекција од прекрасни зимски пејзажи од Берово,  кои се надеваме ќе го задржат вашето внимание. Благодарност на нашиот сограѓанин Игор Пехчевски за фотографиите .

Градоначалникот Пекевски оствари состанок со џамискиот одбор

Во рамките на активностите на Градоначалникот на Оптина Берово, за истскнување на приоритети за решавање на проблемите на граѓаните, вчера, Градоначалникот Пекевски, оствари средба со џамискиот одбор во Берово, на џамијата ,,Мухамед-бег”. На состанокот беше разговарано за решавање на инфраструктурата на муслиманските гробишта, со уредување на просторот, со изградба на патека, поставување на бехатон плочки [...]

Механизам за жалби и поплаки за реализација на Проект ,,Реконструкција на улици во с. Двориште”

Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот Владата на Република Северна Македонија обезбеди финансиска подршка од Светска Банка за подобрување на локалната патна мрежа и условите за живеење во општините на Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС). За целите на реконструкција на постојната локална патна инфраструктура (урбаните/руралните улици, регионалните и локалните патишта), пешачките [...]

Заради заштита на колективното здравје, карневалот ,,Ратевски бамбурци” , нема да се одржи

Ве известуваме дека карневалот ,,РАТЕВСКИ БАМБУРЦИ”, кој ја негува  традицијата 6 века по ред,  низ една паганска доба, фолклор и поворки под маски, оваа година е откажан, заради спречување на ширење на корона вирусот. Со страшни маски против злите души, со црни прсти против страшни болести, со силен екoт против лошотиите, се’ на се’ за [...]

Брзо реновирање на скејт паркот во Берово

Почитувани граѓани. Скејт паркот во Берово, кој беше изграден пред неколку години, креира нова супкултура и урбана димензија кои му додадоа уште поголема привлечност и убавина на најубавиот град, Берово. Млади луѓе се забавуваат и уживаат во него, тој ја дополнува глетката на сите кои ќе поминат покрај него на убава прошетка по кејот. Но [...]

Привршуваат градежните работи по ПРОЕКТ: „ЗАШТИТА НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ЕДНА ПЛАНИНА ДОЛЖ ДВЕ РЕКИ“

Кејот на река Брегалница во Берово, наскоро ќе блесне со сиот свој сјај, одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место, каде што Беровчани, од најмал до најстар, бележат голем број спомени. Привршуваат градежните работи на пешачката патека и заштитна ограда покрај река Брегалница, како и санацијата [...]
Горе