Продолжуваат средбите со граѓани за креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година
Градоначалникот Пекевски, деновиве е постојано на терен, на улиците во населените места и во Берово, од каде што го слуша гласот на граѓаните, нивните идеи и потреби, кои по уредното процесирање, ќе бидат дел од Буџетот на Општина Берово за 2022 година. Притоа граѓаните истакнуваат приоритети од различна природа, од кои дел се веднаш решливи, [...]
Акција за пошумување на опожарените подрачја во Малешевијата
ЈП ,,Национални шуми” подружница ,,Малешево” Берово во соработка со Општина Берово и ЈПКР ,,Услуга” Берово, во петок 19.11.2021 година, организира Акција за пошумување на опожарените подрачја во Малешевијата. Ќе бидат засадени околу 4000 садници од зимзелни дрвја, а ќе се пошумува пределот над месност викана ,,Три реки”, на регионалниот пат Берово- Струмица, од десна страна, [...]
Информација за средби на Градоначалникот на општина Берово со граѓани, во Берово, Дај свој предлог за поубаво Берово
Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата, за 2022 година. Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани, во Општина Берово . Средбите во Берово, ќе се [...]
Општина Берово ги исплати средствата за субвенционирање за купен велосипед
На сметката на вкупно 42 ца жители на Општина Берово, денеска легнаа средствата, исплатени по основ на субвенционирање за купен велосипед, како дел од програмата за поддршка на Локалниот економски развој за 2021 година. Од сите пристигнати пријави, по јавниот повик, кој беше отворен од 05.08.2021 до 06.09.2021 година, апликантите ги исполниле критериумите, согласно Одлуката [...]
Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико
Во рамките на програмските активности за подобрување на животот на жителите од Ромската заедница, Градоначалникот на Општина Берово, заедно со тим на стручни соработници, оствари средба со со претставници од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико. На средбата беше разговарано за спроведување на проектот ,,Заедно за просперитетна заедница”, финансиран од Агенција на САД [...]
Одржана вежба за евакуација на вработените и учениците во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово
Пожарникарите од ТППЕ, вчера, во рамките на своите програмски активности, одржаа тактичка вежба, за евакуација на вработените и учениците во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово. Вежбата беше спроведена во 3 дела: Евакуација на вработените и учениците Дојава за пожар во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово Обука на вработените за ракување со ПП апарат S9 и апарат CO [...]
Со поддршка на невладиниот сектор, се решава проблемот со пристапност до муслиманските гробишта во Берово
Невладината органицација ,,Дуј Амала” , во соработка со Општина Берово, изгради патека со бехатон плочки, покрај муслиманските гробишта во Берово. Се реализираат активностите на невладиниот сектор, финансирани преку повикот за финансирање на невладини организации за 2021 година, преку кој на Здружението на граѓани ,,Дуј Амала”, доделени се вкупно 90.000,00 денари за изградба на пристапна патека. [...]
Преку јавни работи до почисто Берово
Во рамките на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, усвоен од Владата на РСМ, во Берово, ангажирани се дополнителни 15 лица, во проектот ,,За почисто Берово”. Проектот го спроведува Општина Берово, во соработка со Агенција за вработуваање на Република Северна Македонија, а активноста е во согласнос [...]
Информација за средби на Градоначалникот на општина Берово со граѓани
Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата, за 2022 година. Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани. Средбите ќе започнат во населените места, со следниот распоред: [...]
Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставник од Партнерската организација HELVETAS од Швајцарија
Во рамките на спроведување на активности од Програмата за зачувување на природата, денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, оствари средба со претставникот од Партнерската организација HELVETAS, Dr. Jane Carter, од Швајцарија. На состанокот присуствуваа Катерина Ивановска и Јасминка Пашалиска Андоновска, претставници од Програмата за зачувување на природата и Претседателот на Совет на Општина [...]