ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ плоштад „Димитар Беровски“ во Берово НЕДЕЛА16.04.2023, со почеток во 12 часот
По повод големиот христијански празник Велигден, на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово, во организација на Дом на културата ,,Димитар Беровски" од Берово, во соработка со Општина Берово, ќе се одржи ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ во НЕДЕЛА, 16.04.2023, со почеток во 12 часот. Во склоп на велигденската прослава ќе се одржи и традиционалниот натпревар за Избор на најцврсто [...]
Утре, Советот на Општина Берово, ќе ја одржи 28-та Седница
Утре, со почеток во 08:00 часот, Советот на Општина Берово, ќе ја одржи 28-та Седница со следниот: Д н е в е н р е д: Записник од 26-та седница на Совет; Записник од 27-та седница на Совет; Образец на Развоен план на установата за деца ОЈУДГ “23 Август” Берово за период 2023 – 2026 [...]
Претставници од Берово, присуствуваа на настан „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница, во Северна Македонија“
Денеска, претставници од локалната самоуправа од Општина Берово, заедно со Градоначалникот, присуствуваа на настанот „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница, во Северна Македонија“, во Владата на РСМ, кој е организиран по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. На настанот , свои обраќања имаа премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски, министерот Бојан Маричиќ, министерката [...]
Честит 7-ми април, на сите здравствени работници
На сите здравствени работници, Ви го честитам Светскиот ден на здравството и Ви посакувам, низ многу здравје, со големи успеси, да ја вршите Вашата работа и да бидете горди на својата хумана професија. Здравјето е најголемо богатство, чувањето на здравјето, е нашата прва животна и етичка задача, а здравствените работници, се на првата линија, за [...]
Пригодна свеченост по повод Денот на Ромите
Во Бизнис инкубаторот во Берово, се одржа пригодна свеченост, во чест на 8-ми април, Денот на Ромите. Пред започнување на свечената церемонија, во општинската зграда, Градоначалникот на Општина Берово, заедно со преставници ромската заедница , го поставиви ромското знаме. По интонирањето на македонската и ромската химна, Градоначалникот Пекевски, ја отвори свечената церемонија , а за [...]
Штедливи светилки го подобруваат осветлувањето низ улиците во Берово
Штедливи лед светилки, деновиве го подобруваат осветлувањето во вечерните часови, во централното градско подрачје, во Берово. Во рамките на Програмата за одржување на уличното осветлување, со нови енергетски ефикасни, лед светилки, кои се подолготрајни и погодни за зачувување на животната средина, заменето е градското осветлување на ул ,,Маршал Тито” и ул.,,23 Август”, во Берово Новите [...]
Започна реконструкцијата на четвртата ламела на Домот за стари во Берово
Во рамките на активностите на општина Берово, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, започна реконструкцијата на четвртата ламела на Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово. Со реконструкцијата на четвртата ламела, ќе се прилагоди простор за сместување на нови 28 корисници, со што Домот за стари лица, ќе [...]
Бесплатен јавен превоз, на територијата на општина Берово
Општина Берово, започнува да врши бесплатен јавен превоз, на територијата на општината, секој четврток, почнувајќи од ден 06.04.2023 година. Превозот ќе се врши со автобус, кој е во сопственост на Општина Берово и тоа на следните релации. ДВОРИШТЕ-РАТЕВО-РУСИНОВО-ВЛАДИМИРОВО-БЕРОВО-ТРГНУВАЊЕ ВО 07:30 ЧАСОТ (поаѓање од центарот на селото) БЕРОВО-ВЛАДИМИРОВО-РУСИНОВО-РАТЕВО-ДВОРИШТЕ- ТРГНУВАЊЕ ВО 13:00 МИТРАШИНЦИ-БУДИНАРЦИ-МАЧЕВО-СМОЈМИРОВО- ТРГНУВАЊЕ ВО 10:00 ЧАСОТ [...]
Aприлијада во Берово
Во пресрет на први април- Денот на шегата, денеска на плоштадот ,,Димитар Беровски” во Берово, имавме можност да ги видиме најмалите, под маските на своите омилени јунаци и да уживаме во прекрасната слика, во центарот на градот. Облечени како принцези, самовили, пеперутки, супер херои, тие со своите воспитувачки, продефилираа од Детската Градинка “23-ти Август“, до [...]
Со набавка на нов мултифункционален МУЛЧЕР, се подобруваат комуналните услуги во Берово
Денеска е набавена нова машина за косење и кастрење на вегетација- тракторски мулчер, преку која значително ќе се подобрат комуналните услуги, кон граѓаните во Општина Берово. Машината е со мултифункционална намена, за истиснување на сите остатоци (трева, слама, гранки со дебелина до 5 см итн.) на полјоделски површини, во овоштарството, винарството, во парковите и на [...]
