Започна реконструкцијата на улица ,,Белградска” во Берово

Во рамките на активностите на општина Берово, од Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2023 година, се реконструира улица ,,Белградска”,  во Берово.

Извршена е реконструкција на крак, во должина од 358 метри и широчина од 4 метри и поплочена е со бехатон плочки,  поставени се бехатонски рабници и одвод за атмосферска вода, а еден дел од улицата ќе биде асфалтиран.

Оваа улица, долги години наназад е во лоша состојба, па жителите од овој дел на градот, конечно ќе добијат соодветна патна инфраструктура и ќе имаат полесен пристап до центарот на градот.

За  реконструкција на ул.,,Белградска”,  од Буџетот на општина Берово за 2023 година, ќе бидат издвоени 6.843.709,00 денари.

Горе