Category: Вести

Нови партнери и подобро општинско буџетирање

Вчера, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) ја објави втората група од новите партнер- општини на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Дваесет и четири општини, помеѓу кои  и Берово, потпишаа Меморандум за соработка и се  обврзаа  за подобрување  на  квалитетот  на  даночните  системи,  зајакнување  на  оперативниот капацитет на даночната администрација [...]

Донесена одлука за преименување на улица ,,20” во улица ,,Жан Кофол”

На 11 Седница на Совет на Општина Берово, која се одржа на 30.03.2022 година, советниците во Советот на општина Берово, едногласно донесоа одлука  за преименување на улица ,,20”  во Берово, во улица ,,Жан Кофол” . Иницијативата, за преименување на улицата, пред советот беше поднесена од страна на Градоначалникот на Општина Берово, во знак на постхумно [...]

Преку ,,Европа за граѓаните”, делегација од Општина Берово учествува на меѓународна конференција во Португалија

Делегација од Општина Берово, предводена од Градоначалникот Звонко Пекевски, учествува на Петтата меѓународна конференција, во рамките на Проект ,,Европа за граѓаните”, која се одржува во Марвао- Португалија . Конференцијата е вистински предизвик за претставници од осум европски држави, кои низ различни интерактивни активности, разменуваат искуства за културното наследство , паметни културни села, важноста на социјалните [...]

ВО МУЗЕЈОТ НА ГРАД БЕРОВО ПОСТАВЕНА ИЗЛОЖБА НА ТЕМА “РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ЦВЕЌЕ”

Во историско етнолошкиот музеј во Берово, денес е поставена изложба на тема “Ретроспективна изложба цвеќе” од Домот за млади и деца Благој Мучето од Струмица. Изложбата е во организација на Домот за култура “Димитар Беровски” Берово, а поставени се 14 уметнички дела изработени од ученици од основните училишта во Македонија.Меѓу нив се наоѓаат и три [...]

По повод Денот на ромите, денеска во Берово се одржа пригоден свечен настан

Пред започнување на свечената церемонија, во општинската зграда, заедно со преставници од Ромалитико, Ромактед и од ромската заедница , Градоначалникот на општина Берово,  го поставиви ромското знаме.  По интонирањето на македонската и ромската химна, Градоначалникот Пекевски ја отвори свечената церемонија , а за значењето на денот беше прочитан краток историјат. На настанот присуствуваа преставници од [...]

Плоштадот ,,Димитар Беровски’’ во Берово, блесна на првиот априлски ден

Првиот априлски ден, во Берово, го разигра плоштадот ,,Димитар Беровски’’ и блесна во шарени бои, со безброј принцези, кловнови, супер херои, доктори, самовили  и пеперутки. Дечињата од ОЈУДГ„23-Август“ од Берово, традиционално продефилираа во центарот на градот, сокриени под вешто изработените маски. Многу среќа се читаше на детските маскирани лица и самите блескаа низ првоаплилската еуфорија, [...]

Започна реконструкцијата на улица ,,Козара” во Берово

Во рамките на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта, започнува реконструкцијата на ул ,,Козара” во Берово. Ќе се поплочува крак од улицата, со бехатон плочки, во должина од 126 метри и во вкупна површина од 403 м2 . – Оваа улица долги години наназад  е  во многу лоша состојба и претставува навистина голем [...]

Утре, Советот на Општина Берово ќе ја одржи 11-тата Седница

Советот на Општина Берово, утре, со почеток во 8:00 часот, преку zoom платформата ќе ја одржи својата 9-та седница. На седницата ќе се најдат следните точки на дневен ред: Д н е в е н  р е д: Записник од 10-та Седница на Совет на Општина Берово; Предлог Одлука за промена на име на улица [...]

Со победа на „АРМ Гарнизон Штип“ успешно се заокружени Работничките спортски игри во Берово

Екипата на „ АРМ Гарнизон Штип“, со победа од 2:1 над тимот на „Угостители и Обложувалници“, го освои првото место на Работничките спортски игри во Берово.Фудбалерите на „ АРМ Гарнизон Штип“ заслужено се радуваа на освоениот шампионски медал на РСИ 2022, откако после првото полувреме, кое заврши нерешено, во вториот дел го скршија отпорот на [...]

Двориште доби нови контејнери за подобро управување со отпадот

Екипи на ЈКПР „Услуга“ Берово,  деновиве поставуваат нови контејнери  за комунален отпад, во  беровското село Двориште, кои претпријатието ги доби во рамките на проектот  за регионално управување со отпадот, финансиран со средства од ИПА- програмата за регионален развој на Европската Унија. Со поставување на новите контејнери,  ќе се одговори на потребите на граѓаните, но и [...]
Горе