Средба со месни заедници од с.Митрашинци, с.Будинарци и с. Смојмирово

Во рамките на активностите на Општина Берово, за подобрување на животот на граѓаните во населените места, вчера, одржавме средба со советот на месни заедници од с.Митрашинци, с.Будинарци и с. Смојмирово.

На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочуваат жителите и за приоритетите за решавање во населените места.

Притоа во рамките на средбата истакнати се проектите за секое населено место, кои се предвидени за реализација во текот на 2023 година.

Со градоначалникот Пекевски, преставниците на месните заедници, имаа можност, да разговараат  за идните планови и дадени беа предлози за приоритети за решавање во следниот период.

.

Горе