Берово со поддршка за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија

Советниците во Советот на Општина Берово, на ден 15.02.2023 година, ќе одржат седница на Совет, на која, ќе донесат одлука, за доделување на финансиски средствa, од Буџетот на Општина Берово, за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија.

Општина Берово, изразува длабоко жалење и сочуство до семејствата на настраданите граѓани.

Искрено посакуваме што побрзо да заздрават повредените и што поскоро да бидат санирани погодените места од земјотресот.

Горе