Category: Вести

Младинци од Берово заминаа на седумдневна обука во Монтана, Бугарија како дел од проектот„Волонтери преку граница“

Десет младинци од Берово, деновиве ќе следат седумдневна обука во Монтана, Бугарија, во рамките на активност 5: Зголемување на капацитетите на волонтерските друштва за реакции при кризи, како дел од проектот „Волонтери преку граница“ CB006.2.12.117. Низ 80 академски часови,  предвиден е теоретски и практичен дел, односно теренска демонстрација пред волонтерите,  за справување со пожари и [...]

Берово, Пехчево и Делчево, изработуваат нова стратегија за родова еднаквост

Преку проектот „Стој цврсто за родова еднаквост“ во организација на НОВ КХАМ, а финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation, комисиите за еднакви можности на општините Берово, Пехчево и Делчево,  започнаа со подготовителни активности за изработка  на новата стратегија за родова еднаквост. Стратијата ќе биде  документ,  кој треба да помогне во јакнење на капацитетите [...]

Беровските првачиња примени во детската светска организација

Со пригодна програма, подготвена од поголемите ученици денеска беровските првачиња станаа дел од големата детска светска организација, Градоначалникот Пекевски на  сите првачиња, кои денеска станаа дел од   детската светска организација, им посакува слободно и среќно да учат и да се надоградуваат,  да ги слушаат своите наставници и родителите и од нив да ги прифаќаат сите [...]

Сениорска екипа од Берово на меѓународен пријателски натпревар против екипата на истоимениот клуб од с. Микрево- Р. Бугарија

20 фудбалери од сениорската екипа на ФК ,,Малеш" од Берово, играат пријателски фудбалски натпревар, со екипа од истоимениот клуб од с. Микрево, Република Бугарија. Натпреварот се реализира на покана на градоначалникот на општина Струмјани, г-дин Емил Илиев, како резултат на долгогодишното партнерство и традиционално добрите односи, меѓу двете соседни погранични општини. Спортот не зближува и [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од УНИЦЕФ

Денеска Градононачалникот Пекевски, оствари средба со претставници на УНИЦЕФ, кои во соработка со Министерството на образование и наука и Светска Банка, работат на проект за  надминување на кризата во наставата и учењето. На средбата разговараа  за остварување на соработка во насока на унапредување на образовниот процес и поддршката која што УНИЦЕФ, може да ја даде [...]

Кампањата ,,Подај рака и промени живот, стани згрижувач” – утре во Берово

Кампањата ,,Подај рака и промени живот, стани згрижувач”, која е наменета за промоција на згрижување, а има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата, утре, четврток,  29.09.2022 година  во Берово, на Градскиот плоштад и кај градскиот пазар, пред заинтересираните граѓани, ќе ги презентира придобивките од згрижување и начинот на кој можете [...]

Советот на Општина Берово утре (28.09.2022 година), со почеток во 08:00 часот,  ќе ја одржи својата 17 Седница

Советот на Општина Берово утре, со почеток во 08:00 часот,  ќе ја одржи својата 17 Седница, со следниот дневен ред: Оставка на Претседателот на Советот од фукцијата Претседател на Совет; Избор на Претседател на Советот на општина Берово; Записник од 14-тата Седница на Совет; Записник од 16-тата Седница на Совет; Записник од продолжение на 16-тата [...]

Преку средства од Биро за регионален развој, ќе се реконструираат улици во с. Русиново и с. Смојмирово и тротоари на ул. ,,Борис Кидрич” во Берово

Врз основа на Законот за рамномерен регионален развој, Владата на РСМ, на седницата одржана на 20 септември, донесе Одлуки за доделување на средства за финансирање на 3 проекти за Берово,  за 2022 година, за следните проекти: По повикот за доделување на средства за финансирање на проекти, за развој на подрачјата со специфични развојни потреби, за [...]

Потпишан договорот за реконструкција на 4-тата ламела од Домот за стари лица „д-р.Иван Влашки“

Денеска  Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски,   потпиша договор за соработка, со Министерството за труд и социјална политика, за реконструкција и адаптација на Домот за стари лица „д-р.Иван Влашки“ - 4 ламела, со што Општина Берово ќе работи на зголемување на капацитетот, за нови 28 корисници во домот. Целта на договорот е унапредување, промоција и [...]

ОСУ„Ацо Русковски“ го одбележа патрониот празник

Во ОСУ„Ацо Русковски“ во Берово, денеска се честуваше ликот и делото на патронот Ацо Русковски, кој го носи и името на општинскот средно училиште во Берово. Воедно во Берово денеска се одбележуваат и  69 години,  од започнувањето на средно образование во Малешевијата. Патрониот празник на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово, беше одбележан со свечена програма и [...]
Горе