Category: Вести

Советот на Општина Берово, додели 150.000,00 денари, за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија

Советот на Општина Берово, на денешната седница , додели 150.000,00 денари за настраданите граѓани, во земјотресот во Турција и Сирија. Оваа Седница е од хуманитарен карактер, па на истата, советниците едногласно, донесоа одлука,  дека се откажуваат од надоместокот, кој им следува согласно Закон за одржување  седницата. Во соопштението, кое во име на Советот на општина [...]

ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” , започнува со селектирање на отпад

Од денеска, учениците од ООУ ,, Дедо Иљо Малешевски” во Берово, ќе имаат можност да селектираат 4 видови отпад: хартија, пластика, лименки и стакло, во новопоставената паметна џубокс канта, за селектирање и рециклирање на отпад. Пaметната џубокс канта, е донирана од страна на општествено одговорна компанија НОВО НОРДИСК ФАРМА ДООЕЛ увоз- извоз Скопје и има [...]

Берово со поддршка за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија

Советниците во Советот на Општина Берово, на ден 15.02.2023 година, ќе одржат седница на Совет, на која, ќе донесат одлука, за доделување на финансиски средствa, од Буџетот на Општина Берово, за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија. Општина Берово, изразува длабоко жалење и сочуство до семејствата на настраданите граѓани. Искрено посакуваме што побрзо [...]

Јавен повик за пријавување за учество за работнички спортски игри 2023 година

Со  цел спортување, подигање  на спортскиот дух и подобрување на  соработката помеѓу институциите , и правните субјекти на локално ниво, Општина Берово и во 2023 година, организира „Работнички спортски игри“ во мал фудбал . Настанот ќе се одржи во периодот–февруари – март 2023 год. Општина Берово, како домаќин и организатор на овие игри , ги поканува [...]

Градоначалникот Пекевски, говореше на свечената церемонија за доделување на сертификати на нови модератори

Денеска, градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, го пренесе искуството на Општина Берово и говореше за Форумите во заедницата, како успешна алатка, за промовирање на локалната демократија, на церемонијата за доделување на сертификати на нови модератори, која што се одржа во рамките на проект ,,Зајакнување на општинските совети”. На церемонијата присуствуваа Амбасадорката на Швајцарија во [...]

Денеска во Берово, се одржа 9-тата Седница на Совет на Источен плански регион

Денеска, со почеток во 13:00 часот, во Салата за Совет на Општина Берово, Советот за развој на Источен плански регион, ја одржа 9-тата Седница на Совет на Источен плански регион. На дневен ред на 9-тата Седница се најдоа следниве точки на дневен ред: Утврдување на Чиста на Предлог- Проекти за развој на Источен плански регион, [...]

СЛОБОДНА ТРОТОАРСКА ПОВРШИНА, ЗНАЧИ БЕЗБЕДНИ ПЕШАЦИ, ПАРКИРАЈТЕ ПРАВИЛНО

Почитувани граѓани на Општина Берово, Динамиката на модерното живеење, го прави сообраќајот еден од клучните сегменти во севкупното општествено живеење. Во таа смисла, слободна тротоарска површина пред вашите домови, е од особено значење, со цел непречено движење на пешаците, особено во вечерните часови. Ова особено е важно ако се земат во предвид, потребите на повозрасната [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со преставничките на Македонија, од Берово, на Меѓународниот занаетчиски форум во Шарја

Денеска, градоначалникот Пекевски во својот кабинет, оствари средба со Јадранка Фурнаџиска од Берово и Љубинка Механџиска од с. Русиново, кои беа претставнички од Македонијa, на 13-тиот   Меѓународниот традиционален занаетчиски форум во во Шарја (SITCF), организиран од Sharjah Institute of Heritage, под слоганот „Килим и текстил“, на кој учествуваа 18 земји. Чест и задоволство, за сите [...]

Советот на Општина Берово, утре ќе ја одржи својата 23 Седница

Советот на Општина Берово, утре, со почеток во 08:00 часот, ќе ја одржи 23-тат Седница на Совет, на која ќе се најдат следните точки на дневен ред:     Записник од 21-та седница на Совет на Општина Берово; Записник од 22-та седница на Совет на Општина Берово; Заклучок за исправка на техничка грешка во Одлука [...]

Ќе се рехабилитира локален пат, за пристап до земјоделско земјиште, до туристичката наслеба Абланица

Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарсто и водостопанство на РСМ, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во присуство на Министерот за земјоделство, шумарсто и водостопанство, Љупчо Николовски и Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски,  го прими решението од  Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, со кое на [...]
Горе