Јавен повик за пријавување за учество за работнички спортски игри 2024 година

Со цел, негување  на спортскиот дух, спортувањето и подобрување на  соработката помеѓу институциите  и правните субјекти на локално ниво, Општина Берово и оваа година организира  „Работнички спортски игри“ во мал фудбал .

Настанот ќе се одржи во периодот–февруари – март 2024 год.

Општина Берово, како домаќин и организатор на овие игри , ги поканува сите заинтересирани јавни институции, и правни субјекти, доколку сакаат да земат  учество, да се пријават  на работничките спортски игри.

Првиот состанок ќе се одржи на 09.02.2024 год (петок) со почеток во 14 часот, во салата за совет во Општина Берово.

Се покануваат заинтересираните екипи, да испратат по еден претставник на состанокот, за запознавање со правилата и прописите за РСИ 2024.

На турнирот е дозволено учество само на жители на Општините Берово и Пехчево.

Пријавувањето  ќе  трае до 15.02.2024 год. ( четврток  )   до 14.00  часот.

Турнирот е планирано да започне на 20.02.2024 год. (вторник), во зависност од временските услови.

Пред почетокот на извлекувањето на групите или распоред на натпреварите, сите екипи се должни, да достават точен список,  на   вкупно 12 играчи,  кој ќе биде на увид, на сите екипи учесници.

Овој список ќе биде конечен, се до завршување на турнирот и не се дозволени никакви измени во него.

За најдобрите учесници, ќе бидат обезбедени пригодни награди, од страна на Општина Берово.

Пријавите може да се поднесат во просториите на Општина Берово.

 

Лица за контакт од Општина Берово:

Новица Печински тел. 078 568 818

Борче Павлевски тел. 070 601  482

Иван Чичаковски тел. 072 254 134

Горе