Category: Социјална заштита

Известување за поддршка на лица со попреченост до 26 години

Се известуваат жителите на Општина Берово, дека во рамки на Програмата за социјална заштита  за 2024 година, на Општина Берово,  предвидена е мерка  10.000,00 денари за семејствата на лицата со попреченост , како еднократен паричен надоместок. Целта на оваа мерка е да се помогне  на овие семејства, да  можат да покријат дел од трошоците  и [...]

Во тек се активности за внатрешно уредување во Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово

Во рамките на активностите на Општина Берово, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, во тек се активностите за доградба на втората фаза, од четвртата ламела на Домот  за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово. Втората фаза опфаќа: внатрешно уредување на објектот, опремување со мебел и друга потребна опрема, инсталирање [...]

Привршуваат активностите за изградба на првата фаза, од четвртата ламела на Домот за стари лица, во Берово

Во рамките на активностите на Општина Берово, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, завршена е првата фаза од реконструкцијата на четвртата ламела, на Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово. Со реконструкцијата на четвртата ламела, ќе се прилагоди простор за сместување на нови 28 корисници, со што Домот [...]

Одбележана неделата на грижа за стари лица

Под мотото ,,Ние сме нивни деца”,  во периодот од 20-24 ноември, во Берово се одбележува Неделата за грижа за стари лица. Корисниците од Домот за стари во Берово, денеска ги посети Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, кој посака, секој ден да расте грижата за старите лица, секојдневно да се грижиме за подобрување на условите [...]

Потпишан договорот за реконструкција на 4 ламела во Домот за стари ,,д-р. Иван Влашки”

Денеска е потпишан договорот за реконструкција на 4 ламела во ОЈУСЗСЛ ,,д-р. Иван Влашки”, 2 и 3 фаза, што го заокружува процесот на реконструкција и адаптација на 4 ламела  и обезбедува место, за 28 нови корисници на услугата институционална нега и грижа на стари лица, од источниот регион. Инвестицискиот проект е со дигитална компонента од [...]

Потпишан договорот за реконструкција на 4-тата ламела од Домот за стари лица „д-р.Иван Влашки“

Денеска  Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски,   потпиша договор за соработка, со Министерството за труд и социјална политика, за реконструкција и адаптација на Домот за стари лица „д-р.Иван Влашки“ - 4 ламела, со што Општина Берово ќе работи на зголемување на капацитетот, за нови 28 корисници во домот. Целта на договорот е унапредување, промоција и [...]

ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 24 извршители (даватели на услуги) во рамките на Проектот “Возврати со љубов, грижа и почит”

Врз основа на Договор, склучен помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Општина Берово и ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, Правилник  за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги помош и нега во домот (Службен весник на РСМ бр. 268 од 24.12.2019 и Службен весник на РСМ бр.198 од [...]

Јавен повик за пројавување на интерес за образовни асистенти

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Берово, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата на Република Северна [...]

Потпишан договорот за реконструкција на 8 куќи во рамкте на проект ,,Штип и Берово заедно за подобрување на условите на ромската заедница”

Во рамкте на проект ,,Штип и Берово заедно за подобрување на условите на ромската заедница”, чија главна цел е унапредување во домувањето, образованието и економските можности за Ромите кои живеат во сиромаштија, преку подобрување на нивните услови за домување и пристап до социјални услуги, денеска е потпишан договорот за реконструкција на дел од предвидените куќи, [...]

Претседателот Стево Пендаровски во посета на Берово

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо и поранешната министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски,  го посетија Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост при Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа, каде што беа пуштени во употреба [...]
Горе