Привршуваат активностите за изградба на првата фаза, од четвртата ламела на Домот за стари лица, во Берово

Во рамките на активностите на Општина Берово, во областа на Социјална заштита и грижата за старите лица, завршена е првата фаза од реконструкцијата на четвртата ламела, на Домот за стари лица, ОЈУСЗСЛ ,,Д-р Иван Влашки”, во Берово.
Со реконструкцијата на четвртата ламела, ќе се прилагоди простор за сместување на нови 28 корисници, со што Домот за стари лица, ќе добие капацитет од вкупно 67 корисници.
Средствата за реконструкција на четвртата ламела, во износ од 11.043.900,00 денари, се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика, со кофинансирање од Општина Берово.
По завршувањето со градежните работи од првата фаза, ќе се пристапи кон втора фаза, за што Општина Берово веќе има одобрен концепт , во рамки на Регионалните форуми во заедницата, кои ги спроведува Центарот за развој на источно плански регион, со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC.
Горе