Category: Новости

Информација за средби на Градоначалникот на општина Берово со граѓани, во Берово, Дај свој предлог за поубаво Берово

Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата,  за 2022 година. Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани, во Општина Берово . Средбите во Берово,  ќе се [...]

Општина Берово ги исплати средствата за субвенционирање за купен велосипед

На сметката на вкупно 42 ца жители на Општина Берово, денеска легнаа средствата, исплатени по основ на субвенционирање за купен велосипед, како дел од програмата за поддршка на Локалниот економски развој за 2021 година. Од сите пристигнати пријави, по јавниот повик, кој беше отворен од 05.08.2021 до 06.09.2021 година, апликантите  ги исполниле критериумите,  согласно Одлуката [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико

Во рамките на програмските активности за подобрување на животот на жителите од Ромската заедница, Градоначалникот на Општина Берово, заедно со тим на стручни соработници, оствари средба  со со претставници од институтот за истражување и анализи на политики –Ромалитико. На средбата беше разговарано за спроведување на проектот ,,Заедно за просперитетна заедница”, финансиран од Агенција на САД [...]

Започнаа средбите на Градоначалникот со граѓани, пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година

Градоначалникот Пекевски, деновиве на терен ги слуша предлозите на граѓаните пред креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година. Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирање на Буџетот, а во услови на пандемија од КОВИД 19, средбите се одржуваат на отворено и започнаа по населените места во општината. Изминатиот период одржани се средби [...]

Одржана вежба за евакуација на вработените и учениците во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово

Пожарникарите од ТППЕ, вчера, во рамките на своите програмски активности, одржаа тактичка вежба, за евакуација на вработените и учениците во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово. Вежбата беше спроведена во 3 дела: Евакуација на вработените и учениците Дојава за пожар во ОСУ ,,Ацо Русковски” Берово Обука на вработените за ракување со ПП апарат S9 и апарат CO [...]

Со поддршка на невладиниот сектор, се решава проблемот со пристапност до муслиманските гробишта во Берово

Невладината органицација ,,Дуј Амала” , во соработка со Општина Берово, изгради патека со бехатон плочки,  покрај муслиманските гробишта во Берово. Се реализираат активностите на невладиниот сектор, финансирани преку повикот за финансирање на невладини организации за 2021 година, преку кој на Здружението на граѓани ,,Дуј Амала”, доделени се вкупно 90.000,00 денари за изградба на пристапна патека. [...]

Преку јавни работи до почисто Берово

Во рамките на Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд, усвоен од Владата на РСМ, во Берово,  ангажирани се  дополнителни 15 лица, во проектот ,,За почисто Берово”. Проектот го спроведува Општина Берово, во соработка со Агенција за вработуваање на Република Северна Македонија, а активноста е во согласнос [...]

Информација за средби на Градоначалникот на општина Берово со граѓани

Ве известуваме дека Општина Берово е во фаза на креирање на Буџетот на Општина Берово за 2022 година и подготовка на годишните програми за работа на одделеијата,  за 2022 година. Со цел партиципативно учество на граѓаните, во креирањето на Буџетот, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓани. Средбите ќе започнат во населените места, со следниот распоред: [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставник од Партнерската организација HELVETAS од Швајцарија

Во рамките на спроведување на активности од Програмата за зачувување на природата, денеска, во својот кабинет, Градоначалникот на Општина Берово, оствари средба со  претставникот од Партнерската организација HELVETAS, Dr. Jane Carter,  од Швајцарија. На состанокот присуствуваа Катерина Ивановска и Јасминка Пашалиска Андоновска, претставници од Програмата за зачувување на природата и Претседателот на Совет на Општина [...]

Одржана конститутивната седница на Советот на Општина Берово

Одржана конститутивната седница на Советот на Општина Берово   Денеска, во дворот на детската градинка ,,23 Август” во Берово,  беше одржана конститутивната седница на Советот на Општина Берово, воедно и прва седница на новоизбраните советници. Седницата ја отвори и со неа раководеше претседателот на претходниот Совет, Јован Матеничарски. На седницата беше присутен и градоначалникот на [...]
Горе