Category: Новости

Саем на книги, денес во Берово

Во рамките на активностите од областа на библиотекарството во Дом на културата ,,Димитар Беровски" во библиотеката ,,Народна просвета,, денеска престојува издавачката куќа ,,Сакам книги,,. Повелете посетете го Саемот на книги, каде може да најдете огромен број на наслови, со новогодишни цени. Саемот ќе трае во текот на денешниот ден, од 9 до 18 часот. Сите [...]

Градоначалникот Пекевски оствари средба со претставници од Буча, Република Турција

Во рамките на активностите од областа на меѓународна соработка, Градоначалникот Пекевски, денеска, во својот кабинет, оствари средба со претставници од Буча, Република Турција. На средбата произлезе плодна дискусија, за збратимување на општина Берово со општина во Република Турција, за продлабочување на соработката меѓу двете држави, како и остварување соработка и размена на мислења и идеи [...]

Информација за Африканска чума кај свињите

Во врска со актуелната појава на болеста африканска чума кај свињите во некои градови, Општина Берово ја известува јавноста,  дека ова е вирусно заболување кај свињите, кое не носи ризик по јавното здравје, односно луѓето не заболуваат од истото, бидејќи не се приемчиви за вирусот кој ја предизвикува болеста. Повеќе информации за заболувањето и неговото [...]

За прв пат во Берово, организирана ,,БОЖИЌНА ЛИТИЈА,,

Над 300 дечиња, во еден глас, славејќи го Христовото раѓање ја пееја ,,Вечниот бог" на Божиќната литија, која што за прв пат беше организирана во Берово. Со божиќни ѕвезди во рачињата, децата тргнаа од градската црква, во правец до железара ,,Орбис,, продолжија до ,,Здравствен дом" Берово, понатаму десно до Полициската станица и се вратија до [...]

Усвоен Буџетот на Општина Берово за 2022 година

Непосредно пред Новата година, на 7-мата Седница на Совет на Општина Берово, беровските советници дадоа зелено светло и со 8 гласа за и 7 воздржани советници, го усвоија Буџетот на општина Берово за 2022 година, на седницата која што се одржа on line. Вкупниот буџет на општина Берово е проектиран на сума од 312.690.000, 00 [...]

Ученици од ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” со честитки кон општината

Традиционално, во пресрет на Новата година, група ученици од ООУ,,Дедо Иљо Малешевски", дојдоа во општината со подароци, кои самостојно ги изработиле и со искрени новогодишни честитки. Им се заблагодарив за прекрасните честитки и им посакав многу здравје, убавини и многу успех во Новата година. Поразговаравме за предизвиците во образованието и си посакавме учење без пандемија, [...]

Едукативна кампања за унапредување на здравствената и социјалната заштита на Ромите

Општините Берово и Штип, во соработка со Здружение за одджлив развој- Зелен Институт од Скопje,  во рамките на заедничкиот проект ,, Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници” започнаа спроведување на  „Кампања за информирање на ромското население за пристапот на општински, социјални и здравствени услуги“. Кампањата се спроведува преку [...]

Утре Советот на Општина Берово ќе ја одржи својата 6 -та Седница

Советот на Општина Берово, утре, со почеток во 8 часот, ќе ја одржи 6-тата Седнница, со следниот дневен ред: Д н е в е н   р е д Записник од 5-та Седница на Совет на општина Берово; Годишна Програма за работа на Дом на култура “Димитар Беровски” Берово за 2022 година; ИЗВЕШТАЈ за реализација на [...]

ЈАВЕН ПОВИК за награди и откуп на фотографии –фото предизвик за млади со мотиви од пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово

Врз основа на член 6 од Правилникот за награди и откуп на фотографии–фото предизвик за млади со мотиви од  пејсажи, активен туризам и туристички локалитети во Општина Берово, со број 09-4089/1 од 30.11.2021 година („Службен гласник на Општина Берово“ бр.3/2021 од 01.12.2021 година), a во согласност со Г2 Програма за поттикнување на развојот на туризмот [...]

Спроведена едукативна кампања на тема ,,Превенција од употреба на пиротехнички средства”

ОВР Берово, во соработка со Општина Берово и институциите на локално ниво,  денеска во Берово,   организираа едукативна кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства. Пред учениците во ООУ ,,Дедо Иљо Малешевски” и ОСУ ,,Ацо Русковски”  презентирани се ризиците од употреба на пиротехнички средства,  а во централното градско поддрачје се поделени флаери со едукативна содржина. [...]
Горе