Општински кризен штаб, со нови мерки и препораки, по зголемениот број на позитивни лица, на територијата на општина Берово

На иницијатива на Градоначалникот на Општина Берово, денеска, со почеток во 10:00 часот, одржан е состанок, на Општинскиот кризен штаб.
Состанокот го започна Градоначалникот Пекевски, кој го предложи следниот дневен ред :
1. Фактичка состојба, прогрес на болеста и мерки за превенција и заштита
2. Тековни проблеми и прашања
3. Донесување на заклучоци
Понатаму истакна дека вчерашната бројка од 23 новозаразени на територијата на општина Берово е голема, и упати на делување на секој еден, во рамките на своите надлежности, со цел спречување на понатамошно ширење на заразата.
Сите присутни, ги истакнаа своите преземани мерки и ингеренции, со што на крајот донесени се конкретни мерки и следни чекори.
Заклучоци од состанокот на Општинскиот кризен штаб:
1. Засилени контроли на сите нивоа, со вклучување на општинските инспекциски служби онаму каде што е потребно
2. Директорите на јавните установи, да поведат строги контроли во врска со групирањето по јавните претпријатија
3. Како штаб, од ЈП Македонски Шуми, да се побара теренско возило за контроли во зимски услови
4. Да се поведе строга контрола околу движење на несовесни членови на семејството на позитивни лица, кои биле во контакт со истите
5. Посебно да се засилат контролите на викендиците, групирањето на младите и да се изврши едукација во рамките на потесното семејство за спречување на ваквите појави
6. Да се продолжи со дезинфекција, особено на урбаната опрема
7. Јавните установи кои досега не набавиле, да набават топломери и при влез во установите да се мери температура.
На крајот од состанокот, е поразговарано, следниот кризен штаб да се одржува on line, при што од страна на присутните е донесен заклучок , наредниот состанок да се одржи со физичко присуство и на состанокот да се договори како да се состануваат понатаму.
Од општинскиот кризен штаб, апелираат на почитување на мерките и препораките за превенција и заштита од КОВИД 19, да покажеме свесност и одговорност и сериозен пристап и секој да допринесе побрзо да се надмине состојбата.
Горе