Општина Берово продолжува со дезинфекција на улиците

Во рамките на активностите, за заштита и превенција на населението, од КОВИД 19, општина Берово, продолжува со дезинфекција на улиците го градот и населените места.
Дезинфекцијата ја вршат екипи на ТППЕ, со раствор од хлор.
Оваа активност се спроведува во повеќе наврати, а со истата, овојпат се опфатени периферните улици во градот.
Општината продолжува со секојдневното миење и дезинфекција на јавните површини.
Воедно упатуваме апел до сите граѓани, да се придржуваат до препораките за заштита од КОВИД 19.
Да придонесеме во заштитата на јавното здравје!

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Горе