Асоцијација Алзас- Македонија (АЛМА) со седиште во Стразбур, донира медицинска опрема и опрема за хидротерапија, со која се унапредуваат здравствените и социјалните услуги во Берово.
Донацијата вчера беше примопрададена во присуство на претседателот на Асоцијација Алзас, Jacques Schleef и Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски, кој во соработка со Амбасада на РСМ во Париз, ја обезбеди оваа донација.
Донацијата се состои од ренген читач, електрични кревети, стоматолошки стол, стерилизатори, када за хидротерапија и слично.
Како што истакна Пекевски, дел од опремата ќе се користи во Домот за стари лица ,,др.Иван Влашки” во Берово, дел во Здравствен дом Берово, а има и опрема која што ќе биде отстапена на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Берово. Голема благодарност до Здружение Алзас и до г-дин Жак, што овозможуваат подобри услуги и попријатен престој во социјалните установи и во Здравствениот дом, токму за Берово.
Претседателот на Асоцијација Алзас, Jacques Schleef, упати голема благодарност за гостопримливоста, за соработката со општината и за сите што беа опфатени во проектот за донација на болничка и медицинска опрема за Берово. Се надевам дека донацијата ќе ја олесни работата на медицинскиот персонал и на вработените во социјалните установи. Досега поддршката со општина Берово, беше во делот на социјална и здравствена заштита, а во иднина планираме да оствариме соработка во сферата на туризамот и особено еко туризамот, за што веќе во октомври имаме предвидено и специјален едукативен настан. Сакам посебно да ја потенцирам соработката со Здружение со седиште во источниот дел во Франција, кое ги покри трошоците за транспорт на донираната опрема-додаде Schleef.
Инаку ова е втора по ред донација од Здружение Алзас за Берово, која е реализирана во заедничка соработка со Општина Велес, а во иднина планираат соработката да ја насочат во унапредување на условите за туризам, особено за малите приватни туристички капацитети.