Среќен почеток, драги студенти!

Ви посакуваме успешна и исполнета академска година, многу знаење, нови искуства и успех на секој чекор!

Во рамки на Програмата за образование, Општина Берово доделува по 6.000 денари, за секој студент, запишан на државните универзитети, како поддршка во нивното образование и вложување во знаењето и иднината на нашите млади.

Учете, создавајте и верувајте во себе – вашето знаење е инвестиција во иднината на Берово!

Со среќа и успех во новата академска година!

Горе