Во Општина Берово се реализира проектот „Реконструкција на крак од улица „Први Мај“, со кој се уредува и подобрува патната инфраструктура и условите за безбедно и непречено движење на жителите.

Во рамки на проектот, извршено е целосно расчистување и пробивање на кракот, нивелирање и тампонирање на теренот, поставување на рабници, како и поплочување и уредување на улицата со бехатон плочки.
Реконструираниот крак е со должина од 160 метри и ширина од 3 метри, со што се овозможува подобар пристап до имотите и подобри услови за секојдневното движење на жителите.

Вкупната вредност на проектот изнесува 1.184.266,00 денари.
Со реализацијата на овој проект, Општина Берово продолжува со унапредување на локалната патна инфраструктура и создавање подобри услови за живот на граѓаните.

