Општина Берово продолжува со реализација на активности за подобрување на комуналната инфраструктура, со обнова на уличното осветлување во село Смојмирово.
Во рамки на Програмата за изградба, реконструкција и одржување на јавното осветлување за 2026 година, се врши замена на постојните светилки, со нови ЛЕД енергетски ефикасни светилки, кои обезбедуваат поквалитетно и порамномерно осветлување на јавните површини.
Со поставувањето на современо ЛЕД осветлување значително се подобрува видливоста во вечерните часови, што придонесува за поголема безбедност на пешаците, учесниците во сообраќајот и сите жители на селото. Воедно, новите светилки овозможуваат подолг работен век, намалени трошоци за одржување и поголема сигурност во функционирањето на системот за јавно осветлување.
Покрај подобрените услови за безбедно движење, ЛЕД технологијата придонесува и за значителна заштеда на електрична енергија, со што се намалуваат трошоците за јавното осветлување и се дава придонес кон поодржливо и поеколошко управување со општинските ресурси.
