Започна реконструкцијата на пешачка и вело патека на Кеј на река Брегалница, од спој со ул.,,11 Октомври”, до спој со веќе изградена уредена патека

Започнува изградбата на пешачка и вело патека и осветлување,  изградба на електрична инсталација за осветлување, покрај Кеј на река Брегалница во Берово, од спој со ул.,,11 Октомври”, кај мостот, до спој со веќе изградена уредена патека .

Се  вршат подготвителни активности за вело и пешачка патека, односно машински ископ на земјен материјал, со планирање на подлога и поставување на тампон слој.

Должината на патеката е 230 метри, ширината е 2,5 метри, ќе се врши поплочување со бехатон плочки, со дебелина од 6 cm и осветлување на целата патека , со вкупно 9 рустикални канделабри.

Проектот претставува продолжување на претходен проект и за истиот од Буџетот на Општина Берово, за 2023 година, ќе бидат потрошени 2.303.189,00 денари.

Горе