Потпишани договорите за стипендирање на талентирани ученици од од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово во учебната 2023/2024 година

Денеска, градоначалникот Пекевски и 4 талентирани ученици,  ги потпишаа договорите за стипендирање на талентирани ученици  од ОСУ ,,Ацо Русковски” од Берово,  за учебната 2023/2024 година, кои ќе добиваат по 2.000,00 денари месечно, во период од 9 месеци, од Буџетот на Општина Берово.

Сметаме дека оваа мерка, ќе ги поттикне учениците, кон учење и развој и кон постигнување на поголеми успеси во училиштето.

Согласно конкурсот, ученици кои ги исполниле условите и ќе бидат стипендирани се:

  1. Душица Лапевска – ученичка во трета година
  2. Мартин Сивевски- ученик во трета година
  3. Катерина Бошнаковска-ученичка во четврта година и
  4. Михаела Чипевска- ученичка во четврта година

Нека овие стипендии ве поттикнат да продолжите со постигнување на успеси и  уште поголеми достигнувања,  бидете пример и поттик за вашите соученици и заеднички да градиме успешни генерации и успешна општина. Општина Берово е секогаш тука за вас, отворена и достапна за сите ваши идеи и размислувања и ќе се потрудиме во иднина средствата да ги зголемиме,   истакна Пекевски при потпишувањето на договорите, честитајќи им го постигнатиот успех на учениците и посакувајќи им здравје, среќа и безгрижни средношколски денови.

Горе