Започна изградба на пешачка патека по кеј на река Брегалница покрај автобуската станица во Берово

Беровчани ќе добијат нова пешачка патека, која е дополнување на веќе постоечката патека на кеј на река Брегалница.
Започна изградбата на пешачка патека по кеј на река Брегалница, покрај автобуската станица во Берово.
Станува збор за надополнување на веќе постоечката патека, изградба со бехатон плочки, со должина од 56 метри и широчина 3,5 метри, која исто така ќе биде осветлена.
Дека урбаното уредување е еден од основните приоритети на општината, потврдуваме со изгледот на кејот на река Брегалница, кој, полека но сигурно станува се попријатно место за одмор, рекреација и уживање, како и пријатно место за прошетка како преку ден, така и во вечерните часови.
Овој проект, кој општината ќе ја чини вкупно 450.229,00 денари, дава голем придонес во целокупниот изглед и надополнување на двата проекти, едниот реализиран преку Центарот за развој на Источно планскиот регион и вториот во реализација, преку Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија, кој кејот на река Брегалница го прават вистинска бајка, од кафтански мост па се до до спојот со мостот на ул. ,,Велко Влаховиќ”.
Горе