Во беровско Ратево се одржува карневалот „Ратевски Бамбурци“

И покрај посебните услови, поради пандемијата од КОВИД-19, продолжува традицијата, во беровското село Ратево, на растерување на злите духови, преку маски кои се сопствена изработка од природна кожа.
Градоначалникот на општина Берово, честитајќи го празникот Собор на св. Јован Крстител ,  го отвори препознатливиот карневал ,,Ратевски бамбурци”, кој влезе во календарот на културни случувања во Македонија и кој е отсликување на традиција, која е стара 600 години.
Повеќе жители на малешевското село Ратево, маскирани во кожи од животни и со големи метални ѕвонци, ја продолжуваат многувековната традиција, да го прогонуваат злото од селото и од Малешевијата.
Најстарите жители на Ратево истакнуваат дека повеќевековната традиција на овој ритуал, што е поврзан со верскиот празник Свети Јован Крстител, единствено била прекината минататa година, заради пандемијата и посебните мерки и протоколи за заштита.
И кога екот на ѕвонците ќе стивне, а страшните маски со животински елементи ќе се симнат, с.Ратево испишало нова приказна во културолошкиот календар на настани, кои ги спојуваат традицијата, фолклорот и современото живеење на човекот.
Горе