С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на ЈАВЕН УВИД за јавноста, на Предлог: УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ вон опфат на Урбанистички план за КП.Бр.256, со намена А4 Времен престој – А4.3 Викенд куќа, К.О. Берово, Општина Берово

Врз основа на член 62 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр, 32/2020), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), а согласно Годишната програма за изработка на урбанистички планови за 2022 год, донесена со Одлука бр. 09-4295/1 од 15.12.2021 год, од страна на Советот на Општина Берово, Градоначалникот на Општина Берово го дава следното:

 

С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

за организирање на ЈАВЕН УВИД за јавноста, на Предлог: 

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ вон опфат на Урбанистички план за

КП.Бр.256, со намена А4 Времен престој – А4.3 Викенд куќа,

К.О. Берово, Општина Берово

 

ЈАВНИОТ УВИД за јавноста по Предлог: Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички план за КП 256, со намена А4 Времен престој – А4.3 Викенд куќа, КО Берово, Општина Берово, надвор од Генералниот и Деталниот урбанистички план на Берово, кој опфаќа површина од 2.384,0 м2, м.в. „Трската“ во атарот на градот Берово, ќе се спроведе со објавување на Соопштението на Веб страната на Општина Берово, и со излагање на Предлог планот на огласна табла и во просториите на оделението за урбанизам при Општина Берово, во времетраење од 15 (петнаесет) дена, се до 07.01.2022 год, за кое време може да се достават евентуалните забелешки по изложената Урбанистичко Планска документација.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани, правни лица и институции од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови во оделението за урбанизам при Општина Берово, како Надлежен орган кој го одобрува доставениот Урбанистички Проект вон опфат на Урбанистички план за КП 256, со намена А4 Времен престој – А4.3 Викенд куќа, КО Берово, Општина Берово, финансиран од АЛЕКСАНДАР БРАШНАРСКИ од Берово.

Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се добијат во просториите на Општина Берово, кај надлежното лице, или од Веб страната на Општина Берово.

Анкетен лист за ЈА за УП за А4 времено сместување – БРАШНАРСКИ

Дел.бр.  20-259/1

од 20.01.2022 год,

ОПШТИНА БЕРОВО

Градоначалник

ЗВОНКО ПЕКЕВСКИ

Горе