Во Берово е отворена ,,Спортска авантура 2021″

I am text block. Click edit button to change this text. Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.

Во организација на Здружение на граѓани „ МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА “, во рамките на Европска недела на спорт”#BeActive”, денеска во Берово, се одржува ,,СПОРТСКА АВАНТУРА 2021 година“.
Настанот вклучува тесна соработка со националните координатори на Европската недела на спортот – #BeACTIVE, националната Агенција за млади и спорт, граѓанската организација Планински Спортски Клуб ,,Малешевска Корија”,
Хотел Манастир, Берово и Општина Берово.
Посебна чест и задоволство ми беше, што присуствував на отварање на еден ваков голем настан, кој што силно ги промовира малешевските убавини и благодети. Малешевијата изобилува со прекрасни терени и за мене како градоначалник но и како граѓанин на Општина Берово, навистина од големо значење е што настанот се одржува токму во Берово, како атрактивна дестинација за таква намена и што терените во Берово гарантираат возбудлива спортска авантура.
Најважното за сите, е тоа што, овој настан ги поттикнува луѓето да „#Бидат активни“, не само во текот на оваа недела, туку преку целата година, затоа што спортот е половина здравје.
Целта на настанот е поттикнување на физичката и менталната кондиција и борба против прекумерната тежина, преку учество во редовна физичка активност, поттикнување на социјална вклученост и интеграција преку спортот, особено за маргинализираните групи, елиминирање на разликите по национални и верски врашања и создавање на родова еднаквост, се со помош на промовирање и се поголемо практикување на спортот.
Горе